Како на хорор филм: Стотина лилјаци нападнале станови во зграда

Во станбена зграда во Кина, стотина лилјаци ненадејно влегле и ги принудиле станарите да ја напуштат зградата. Станарите на помош ги викнале пожарникарите кои облечени во посебна облека почнале вистинска борба со стотината лилјаци. 
Кога влегле во зградата тие сфатиле дека проблемот е доста голем, откако во внатрешноста на таванот од зградата ги виделе стотината лилјаци како висат. 
Пожарникарите прво се обиделе да ги фатат лилјаците кои биле на пониските делови, а оние кои не успеале да ги дофатат, ги растерале со воден топ.
Борбата која изгледала како на хорор филм траела малку повеќе од 40 минути. Откако ги уловиле лилјаците биле пуштени во дивината, а станарите безбедно се вратиле во своите домови. 
Стручњакот за животни, Тиан Џиандонг изјавил дека лилјаците најверојатно биле привлечени од дрвјата во близина населени со мноштво разни бубачки со кои тие се хранат.
„Ден претходно температурите беа ниски, па лилјаците веројатно се обиделе да најдат потопло засолниште“, додал Тиан.Станарите на помош ги викнале пожарникарите кои облечени во посебна облека почнале вистинска борба со стотината лилјаци. 
Кога влегле

Пронајдете не на следниве мрежи: