Како на природен начин да се ослободите од вагиналниот секрет!

Претераното лачење на вагинален секрет кај жените е доста непријатна и честа појава па на жените им задава многу проблеми. Ова воспаление ( познато како „бело прање“) се јавува поради разни воспаленија на матката, некои габични заболувања, стрес или реакција на некој лек.Бидејќи се работи за воспаление, важно е таа појава да се лечи како таква. „Белото прање“ можеме да го гледаме како предупредување на зголемен број шететни бактерии на подрачјето на вагината. Кога ќе дојде до намалување на млечните киселини на подрачјето, штетните бактерии напредуваат што се манифестира како исцедок, кој го нарекуваме „бело прање“
Вагиналната слуз постојано се бори против надворешните влијанија и зарази, а доколку дојде до пореметување во бројот на одбрамбени тела, доаѓа до воспаление.
Вагиналната слуз произведува млечна киселина која го спречува развојот, зголемувањето на бројот на штетни бактерии. Во случај нивото на оваа киселина да е намалено, се намалува и отпорноста на организмот а бактериите напредуваат, што се манифестира како воспаление.

Лечење на воспалението со помош на билки
Воспалението можете да го излечите со чај од лист од бршлен и храстова кора. Чајот се подготвува така што во литар вода ќе додадете 3 лажици лист од бршлен, 3 лажици храстова кора, една лажица којнски опаш , една лажица листови од бреза и две лажици камилица. Чајот варете го пет минути. Чајот се пие два пати на ден по една помала шолја, а со истиот чај потребно е да го измиете подрачјето со инфекција.: Во литар вода провријте по три лажици лист од орев, коприва и бршлен, и две лажици камилица. Чајот се пие два пати на ден.
Лечење на инфекцијата со помош на маслиново масло
Инфекцијата може да се лечи и со маслиново масло, со додаток од невен. Во природно маслиново масло, или сончогледово масло ставете невен, и оставете така да одстои неколку дена на топло и сончево место. Маслото користено за овој лек треба да биде природно, без конзерванс, а доколку немате невен, искористете кантарион. Вака подготвеното масло нанесете го во матката пред спиење, легнете и оставете содржината да одстои што подолго.Бидејќи се работи за воспаление, важно е таа појава да се лечи како таква. „Белото прање“ можеме да го гледаме како предупредување на з

Пронајдете не на следниве мрежи: