Како најефикасно да го решите најголемиот женски проблем оваа зима?

Веруваме дека следното сценарио постојано ви се случува: ја миете косата како и обично, евентуално нанесувате хранлива маска, а веќе истиот или другиот ден вашата коса изгледа како да не сте ја измиле една недела.Сето тоа е благодарение на времето надвор кое е немилосрдно кон вашата коса, но за среќа постојат голем број на трикови кои можат да го ублажат или дури решат овој проблем. 
Одберете го вистинскиот шампон
За време на зимскиот период, одберете ги шампоните кои се наменети за масна коса или оние кои го поттикнуваат волуменот.
Плакнете ја косата со млака вода
Фризерите препорачуваат да ја миете косата со млака вода, бидејќи врелата вода го зголемува лачењето на себум.
Нанесувајте помала количина на регенератор
Бидете внимателни со количината на регенератор која ја ставате на косата и нанесувајте го само на врвовите.
Не ја мијте косата повеќе од два пати неделно
Иако сметате дека во зимскиот период треба почесто да ја миете косата бидејќи ви се масти, воздржете се од тоа бидејќи со тоа само ќе предизвикате уште поголема штета.
Направете домашен третман за коса
Одличен борец против масната коса е чајот од рузмарин. Оваа билка содржи есенцијални масла кои помагаат во прекумерното лачење на себум. Направете домашен третман за косата така што ќе прелиете две лажички сув рузмарин со шолја зовриена вода. Оставете да отстои 20 минути, процедете и почекајте да се излади. По шампонирањето, исплакнете ја косата со чајот и исушете ја.
Шампони за суво миење
Како полесно да ја преживеете зимата со масна коса? Набавете си некој од сувите шампони кои се популарни на пазарот, а во тоа може да ви помогне и бебешката пудра.Сето тоа е благодарение на времето надвор кое е немилосрдно кон вашата коса, но за среќа постојат голем број на трикови кои можат да го ублажат или

Пронајдете не на следниве мрежи: