Како неуспехот да го преобратите во успех?

Неодамна ви ја претставивме приказната на Аријана Хафингтон за нејзиниот пат до успехот, а денес ви ја пренесуваме приказната на Кетрин Миншу, главен и одговорен уредник и основач на „The Muse“. Таа го споделува своето искуство за тоа како од срушен сон стигнала до голем успех и реализација на желбите.Едно утро во 2011 година, Кетрин не можела да влезе на порталот ПИП Медиа, портал кој самата го основала и во кој ја вложила сета животна заштеда. Вели дека во тој момент и се срушил сиот свет врз глава.
„Едно несогласување помеѓу четирите основачи на порталот буквално се претвори во борба за превласт, па јас и мојот колега Алекс, кој исто така е еден од основачите, се најдовме на мета на многу закани и навреди, за на крај комплетно да ни се блокира пристапот до нашите тимови.“
„Се почувствував понижено, како да сум ги изневерила нив и себеси. Исто така, ја загубив и мојата животна заштедо од преку 20 000 долари која ја вложив во компанијата. Можевме да тужиме, или да почнеме одново. Ја одбравме втората опција.“
„Во Јули 2011 година, сите вработени до еден, освен двајцата со кои го имавме недоразбирањето, ја напуштија компанијата ПИП Медиа и заедно ја основавме „Музата“ (The Muse). Само во првиот работен месец, имавме повеќе посетители отколку ПИП Медиа во целото нивно постоење.“
„Создадовме посилен продукт, и излеговме на пазарот со чиста визија и посветеност, па неколку месеци подоцна бевме примени во „Y Combinator“. Достигнавме профит од преку 2 милиони долари и допревме до повеќе од 15 милиони луѓе. На сите можни начини, оној прв неуспех беше најдоброто нешто што некогаш ми се случило.“Едно утро во 2011 година, Кетрин не можела да влезе на порталот ПИП Медиа, портал кој самата го основала и во кој ја вложила сета ж

Пронајдете не на следниве мрежи: