Златан Бајриќ во Шведска пристигнал во 1997 година како бегалец. Денес тој има две компании, а помеѓу неговите клиенти се и „IKEA“ и „Bombardier“.
Златан Бајриќ е млад човек со потекло од Брчко, Босна и Херцеговина, кој во Шведска дошол со својата мајка и брат во 1997 година преку организација на УНХЦР како бегалец. Во основното училиште тој имал најдобри оценки, потоа бил повикан да се школува во најдобрата гимназија во Шведска која ја завршил со одлични резултати. Тој поседува две стипендии за колеџ. „Поради лошата економска ситуација во семејството, јас работев од 14 години. Бев разнесувач на весници, келнер, механичар, работев во пекара, пицерија…“, раскажува Бајриќ, кој во моментов е еден од најуспешните бизнисмени во Шведска. Првата фирма ја отворил на 17 години. Тој тогаш изработувал реклами и помали страници на интернет, менија за ресторани и сл. Тој во моментов има две фирми – куглана, ресторан, кафуле „Aros Fun House“, во која се вработени девет работници и маркетинг агенција „GoPlus“ во која има шест вработени. „Моите клиенти во „GoPlus“ се „IKEA“, „ABB“, „Bombardier“, „ValboKem“ итн. Компанијата „GoPlus“ е 100 проценти во моја сопственост, а кугланата е 50 проценти моја“, објаснува Бајриќ. Тој е добитник и на престижните награди – 2011 година ја доби наградата за Најдобар шведски сервис, а во 2012 година наградата за Најдобар шведски претприемач. Исто така, во 2012 година тој ја доби стипендијата од Андерс Вала, некогаш најуспешниот петприемач во Шведска, а оваа година е прогласен за 12-тиот суперталент во Шведска. „Докажав дека од ништо може да се направи нешто. Кога пристигнав со семејството во Шведска, ние немавме ништо, но покажав дека може да се успее само кога се сака“, наведе Бајриќ. Тој вели дека во Шведска е познат како голем критичар на политичарите, но и во Европската унија. Бајриќ истакнува дека неговите амбиции за во иднина се големи. Тој сака на сите да им покаже дека „ништо не е невозможно“. Тој вели дека сака да инвестира во Балканот, особено во БиХ.
Извор. Денар.мкЗлатан Бајриќ во Шведска пристигнал во 1997 година како бегалец. Денес тој има две компании, а помеѓу неговите клиенти