Како од пекара: Солени стапчиња!

Вид на пекарски кифли, но тенки и долги. Потсетуваат на оние стапчиња што ги купувавме порано за на училиште во пекарите, со оној солен дел кој сите го киневме и гризавме.Состојки за 15 парчиња
30 гр свеж квасец
300 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
600 гр брашно
100 мл масло
Солен прелив:
50 мл вода
2 лажички брашно
½ лажичка сол
Подготовка:
Загрејте го млекото и додадете го иситнетиот квасец, па шеќерот и промешајте.
Оставете да одмори.
Додадете масло и сол, па повторно промешајте.
Додадете го остатокот брашно и замесете тесто.
Тестото добро измесете го и оставете го да отстои и да стане двојно поголемо.
Потоа тестото премесете го и поделете го на 15 еднакви топчиња.
Премачкајте ги топчињата со масло и оставете 5 минути да отстојат.
Потоа едно по едно нежно со рака развлечете го надолу, како на сликата:
 

Потоа со сукалото направете коричка во ширина од 10 см а должина 20 см, па завиткајте така што поширокиот дел ќе го влечете навнатре, се додека не направите долгнавесто стапче.

Редете во намастен плех со масло.
Секое премачкајте го со разматена жолчка и оставете да отстои додека рерната не се загрее на 220 степени.
Печете додека не поруменат.
За тоа време изматете ја водата, брашното и солта.
Густината треба да биде како јогурт.
Кога ќе почнат да руменеат извадете ја тепсијата па брзо исшарајте со солениот прелив, и вратете да се допечат.

Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки за 15 парчиња
30 гр свеж квасец
300 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
600 гр брашно
1

Пронајдете не на следниве мрежи: