Сопственик сте на Volkswagen Jetta произведен помеѓу 2000 и 2004 година и не сте задоволни со неговиот изглед? Ако е така, зошто не би му дале целосно нов изглед?
Идејата можеби звучи необично но, за 8.000 евра би можеле старата Jetta да ја претворите во кабриолет роудстер. Освен парите потребна ви е и одредена вештина, поради тоа што автомобилот ќе морате да го средите сами.
Еден тјунер од Масачусетс нуди Smyth G3F пакет, кој вашата Jetta со преден погон, можете да ја претворите во спортски кабриолет со средишно поставување на моторот и погон на задните тркала. Цената на пакетот изнесува 7.600 евра.
Овој пакет се состои од се што е потребно за успешна трансформација, вклучувајќи панели, компоненти, нов кров и детално упатство.Сопственик сте на Volkswagen Jetta произведен помеѓу 2000 и 2004 година и не сте задоволни со неговиот изглед? Ако е т