Сите технолошки гиганти имаат богата историја, а некои од нив со текот на времето освен што го промениле визуелниот идентитет го имаат променето и името. Некои пак останале верни до крај на својот идентитет, а интересно е на кој начин ги добиле имињата.Samsung е еден од најпрепознатливите брендови, а името има едноставно значење. На корејски Samsung значи три ѕвезди, име одбрано да претставува три доблести: големина, бројност и моќ. Првите производи на оваа компанија биле сушена риба, зеленчук и овошје. Името не е променето ниту во 1987 година кога компанијата се ориентирала кон производство на електроника.
Nokia е сега купена од Microsoft, но некогаш беше водечки произведувач на мобилни телефони. Засега останува со истото име. Оваа компанија започнала со работа од 1865 година како произведувач на хартија. Во 1967 година е преземено официјалното име Nokia Corporation, а до тогаш компанијата работела во пет различни сегменти – електроника, производство на струја, шумарство, кабли и гуми. Денес во Финска постојат три сегменти: Nokia Networks, HERE и Nokia Technologies, пишува The Next Web.
Apple започнал како Apple Computer во 1977 година, а во 2007 година е исфрлен зборот computer. Според Џобс, името на компанијата е одбрано бидејќи многу сакал јаболка, но и поради тоа што во именикот Apple се наоѓал под познатото име Atari.
За повеќе информации прочитајте на gsm.mk.Samsung е еден од најпрепознатливите брендови, а името има едноставно значење. На корејски Samsung значи три ѕвезди, име одбрано да претставува три