Како правилно да нанесете парфем

Нанесувањето на парфемот е вистинска уметност и со право може да се нарече така, бидејќи е навистина тешко да се погоди вистинската мерка. Еве неколку совети:
– Најдобро е парфемот да се нанесе пред облекување на било кое парче облека или накит, односно на голо тело. Некои парфеми можат да остават трајни дамки на облеката. Исто така, добро е да се навлажни кожата пред нанесување на парфемот, бидејќи вака неговиот мирис ќе трае подолго.- Сосема малку парфем треба да се нанесе на следниве места: на двата рачни зглобови, на долниот дел од вратот, позади ушите, од внатрешната страна на лактовите и помеѓу градите.- Најверојатно од постарите тетки сте виделе како по нанесувањето на парфемот на рачните зголобови ги тријат еден од друг (демек за да се засилел мирисот). Погрешно. Имено, со триење на зглобовите се добива сосема погрешен ефект – мирисот на овој начин се “крши”.- Доколку го нанесувате парфемот и на коса, правете го тоа единствено доколку косата е свежо измиена. Доколку парфемот се нанесува на неизмиена и мрсна коса, природната маснотија коса се наоѓа на неа ќе го измени мирисот на парфемот. Доколку нанесувате парфем на косата, правете го тоа на растојание од дваесетина сантиметри.- Од време на време менувајте го парфемот. Научно е докажано дека мирисите имаат силно влијание на нашите емоции и начинот на размислување. Значи, менувајте го парфемот на секои три-четири месеци, или со промената на годишното време.- Различни мириси се нанесуваат во различни количини. Нормално, колку е посилен и попродорен, треба да се нанесува помалку. По нанесувањето, за ориентација во иднина прашајте некој од најблиските како им се чини, дали сте ставиле премногу или премалку.Нанесувањето на парфемот е вистинска уметност и со право може да се нарече така, биде

Пронајдете не на следниве мрежи: