среда, 25 ноември 2026
Најново

Како преку ноќ фирмата која го украсува Скопје стана прифатлива за Петре Шилегов и СДС?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една фирма веќе десетина години успева да ги добие сите тендери за новогодишно украсување на главниот град, но и на повеќе општини во Скопје и низ Македонија, а за последните 10 години компанијата која има монопол врз украсите заработила речиси два милиони евра за поставување и отстранување на украсиКомпанијата во сопственост на Ѓорѓи Вуков во 2008 година беше цел на кривична истрага, откако по наредба на јавен обвинител финансиската полиција спроведе истрага во врска со даночно затајување, но на крајот јавниот обвинител се откажа од понатамошна постапка, реферирајќи дека од истрагата нема доволно докази за да продолжи кривичната постапка пред судските инстанци.
Тогаш опозициските медиуми, но и тогашната опозиција која денес е на чело на град Скопје, гласно зборуваа за наводниот криминал на компанијата „Линк Медиа Плус“, манипулирајќи со непроверени информации и обвинувања за наводен криминал. Неколку години подоцна, најгласниот критичар на градот Скопје и општините во Македонија, реши да склучи договор со истата фирма за украсување на градот.
Имено, денес, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов потпиша договор со фирмата на Вуков „Линк Медиа Плус“ во вредност од 150.000 евра, а договорот ќе се реализира во две фази, и тоа во прва фаза поставување на украсите, а во втора фаза отстранување на поставените украси.
По се изгледа откако дојде „животот“ фирмите кои претходно биле мета на напад на тогашната опозиција, денес се главни деловни партнери на новите власти. Освен, секако, ако не се работи за непристоен предлог кој компанијата не можела да го одбие.
 Компанијата во сопственост на Ѓорѓи Вуков во 2008 година беше цел на кривична истрага, откако по наредба на јавен обвинител финансиската полиција с

Поврзани вести