КАКО птиците знаат кога доаѓа невреме? Благодарејќи на тоа, тие ќе го преживеат глобалното затоплување!

Американските научници ги објавиле овие резултати, кои се последица од проучувањето на однесувањето на птиците кои ја избегнале силната бура во Тенеси, која однесе најмалку 35 човечки животи.Научниците работеле на проект со следење на златокрилните сеници со геолокатори и сфатиле дека овие мали птици ги напуштиле своите области за репродукција дури ден­-два, пред да дојде бурата што предизвикала најмалку 84 смртоносни торнада.
Овие птици најмногу ги има во областа на Големите езера и Апалачките планини. Овие птици поминале неверојатни 1500 километри за пет дена, со цел да ја избегнат силната бура, пишуваат авторите на истражувањето во американското списание Current Biology.
„Интересно е тоа што птиците ја напуштиле областа пред доаѓањето на бурата. Во моментот кога метеоролозите јавија дека бурата доаѓа кон нас, птиците веќе го имале напуштено ова подрачје“, рекол Хенри Стреби, еколог од калифорнискиот универзитет Беркли.
Според начниците, птиците за разлика на луѓето, можат да слушнат и инфразвуци со многу ниска фреквенција кои се шират на голема оддалеченост. Тие инфразвуци се резултат од големите метеоролошки промени.
„Метеоролозите и физичарите одамна знаат дека бурата што создава торнада, емитува силни инфразвуци кои патуваат илјадници километри со фреквенции на кои птиците се најчувствителни“, додава Стреби.
Благодарение на шестото сетило, птиците се способни да го преживеат глобалното затоплување, кое на Земјата постојано ѝ приредува бури и торнада.
„Тоа значи дека птиците подобро ќе се справат со последиците од глобалното затоплување“, заклучи Стреби.Научниците работеле на проект со следење на златокрилните сеници со геолокатори и сфатиле дека овие мали птици ги напуштиле своите области за репро

Пронајдете не на следниве мрежи: