Како размислуваат психопатите?

Повеќето луѓе мислат дека масовните убијци се луѓе кои отсекогаш сакале да им наштетат на блиските, уживаат во тоа да шират страв и не покажуваат ни трошка каење. Тие се претежно во право: масовните убијци се сметаат за агресивни психопати.
Сепак, не сите психопати се насилни. Некои од нив се “само” манипулативни, нечесни и неспособни за длабоки емоции и затоа тешко се вклопуваат во друштвото и општеството.
Познат е фактот дека психопатите реагираат различно на стимулите од животната средина, а научниците тврдат  дека причината за ова лежи во нивните мозоци.
Една студија од 2003 го потврдила ова. Поточно, се покажало дека кога “нормалните” луѓе лажат, скенерот покажува покажува зголемена активност во фронталниот лобус на нивниот мозок, што не е случај кај психопатите.
Исто така, во 2006 година спроведена е студија која покажа дека психопатите не се соживуваат со другите луѓе, ниту можат да разберат, чувствуваат и реагираат соодветно на туѓата несреќата на. Научниците веруваат дека психопатите не ги регистрираат  знаците на вознемиреност кај другите.
Поточно, кога им биле прикажувани фотографии на вознемирени луѓе, во делот на мозокот за обработка на слики и регистрирање на изрази на лицето немало никакви дополнителни невронски активност.  Дури тој дел од мозокот повеќе реагирал на неутралните изрази на лицата.
Имајќи го сето ова во предвид, истражувачите заклучиле дека психопатските невролошки “патишта”, кои се користат за анализа на знаци на несреќа, болка, вознемиреност, страв или други негативни состојби кај луѓето, се целосно нефункционални или “работат” на поинаков начин отколку кај нормалните луѓе.
Сепак, станува збор за само делумно познавање за кое истражувачот д-р Николас Греј изјави: “Нам сè уште ни е потребно подолго време за да сфатиме што да правиме со сите тие информации”.Повеќето луѓе мислат дека масовните убијци се луѓе кои отсекогаш сакале да им наштетат на блиските, уживаат во тоа да

Пронајдете не на следниве мрежи: