Како реагира нашето тело на прегратка?!

Дали секогаш кога ќе ве прегне некој силно чувствате некоја енергија и топлина?!Сте се запрашале ли некогаш како нашето тело реагира на прегратка? 
Универзитетот во Северна Каролина спроведе истражување со цел да открие како човечкото тело реагира на прегратка. При гушкање на заљубен пар во текот на 20 секунди, во нивното тело било забележано значајно зголемување на нивото на окситоцин, хормонот кој инаку најмногу се излачува во текот на пораѓањето или доењето. Исто така, и пријателската прегратка предизвикала значаен пораст на овој хромон, но сепак, не толку голем како и љубовната прегратка. 
Во меѓувреме, нивото на кортизолот, хормонот на стрес, значајно се намалил кај жените, а иста била и ситуацијата со крвниот притисок.
Водителот на истражувањето и психологот Карен Груен изјавил: “Поддршката на партнерот се поврзува со поголемата количина на окситоцин кај мажите и жените. меѓутоа, важноста на окситоцинот и неговите потенцијални кардиозаштитни влијанија можат да бидат поголеми кај жените”. 

Во друга студија поврзана со прегратките, спроведена во рамките на проектот “Nestlé Happily Healthy”, учествувале речиси 60.000 луѓе од Австралија. На чело на проектот бил др.Антони Грант, психолог на Универзитетот во Сиднеј. 
“Науката ни вели дека допирот има важно влијание врз телесното и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и стапката на отчукувања на срцето, го зголемува имунолошкиот систем и ја намалува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој ги тера луѓето да се чувствуваат сигурно и кој го намалува нивото на кортизол, со што се намалуваат и стресот, тегобите и осаменоста”, нагласи водителот на истражувањето. Сте се запрашале ли некогаш како нашето тело реагира на прегратка? 
Универзитетот во Северна Каролина спроведе истражување со цел да о

Пронајдете не на следниве мрежи: