Како рускиот патријарх гледа на хомосексуализмот?

Рускиот Патријарх Кирил смета дека легализацијата на хомосексуалните бракови е опасна и дава знак на доаѓање на апокалипса. 
Патријархот додаде дека ја поддржува неодамна донесената забрана за хомосексуална пропаганда којашто ги забранува хомосексуалните паради и прослави кои станаа чести низ целиот свет.
Неодамна Патријархот Кирил стана најсилниот и некомпромитиран религиозен глас низ Европа, којшто е категорично против интернационалните хомосексуални движења.
Тој во неделната служба која се одржа во катедралата во Москва, предупреди дека во многу земји на западот хомосексуалните движења стануваат се попопуларни.
„Тоа значи дека луѓето одбираат автодеструкција. Соочени сме со многу искушенија откако она што се смета за грев е оправдано и дозволено според законот, а оние кои се водат од здрав разум се борат со ваквите закони наметнати од малцинството, потиснувани се“, рече Патријархот, додавајќи дека ја поддржува неодамна донесената забрана за хомосексуална пропаганда којашто ги забранува хомосексуалните паради и прослави кои станаа чести низ целиот свет.
Патријархот Кирил рече дека мора на секој можен начин да се сопре одобрувањето на овој грев, за луѓето да не тргнат по патека на која ќе се самоуништат.
„Сакаат да не убедат дека единствената вредност е слободата на изборот, но никој нема право да ја наметне таа вредност. Дури ни кога некој ќе направи погрешен избор, дури ни кога некој одбира да следи социјално опасно однесување“, рече тој.
Според него, дури ни најсовршените закони не можат да ја искоренат корупцијата, лагите, злото и конфронтацијата. Тој рече дека овие работи може да се искоренат само доколку човек донесе правилна одлука следејќи го Господа.
„Денес се случува нешто многу опасно со законите за истополови браков и посвојување на деца, што се коси со моралната природа на човекот.  Доколку некој одбере ваков начин на живот, тоа е нивно право, но одговорноста спрема црквата вели дека ова е грев направен пред Бога. Православната црква е загрижена не поради постоењето на гревот, тој отсекогаш постоел, туку поради тоа што за првпат во историјата на човековата раса овој грев е оправдан со закон. Ова отвора можности за опасно однесување, кое може да доведе до морална деградација на општеството“, изјави Патријархот.Рускиот Патријарх Кирил смета дека легализацијата на хомосексуалните бракови е опасна и дава знак на доаѓање на апокал

Пронајдете не на следниве мрежи: