Како сами да направите домашен сапун од лимон

Направете природен сапун со употреба на само три состојкиОвој сапун изгледа интересно бидејќи кората од лимон дава прекрасна текстура, а неговата употреба ќе направи да се чувствувате подмладено.
Состојки:
–          Сапунска база од козјо млеко
–          Есенцијално масло од лимон
–          Кора од 3-4 лимони
 
Со овој рецепт (односно 13 коцки од сапунската база) се прават 3 сапуни.
Чекор број 1: Исечете го сапунот на коцки и ставете го во огноотпорен сад. Вклучете ја микробрановата печка да се згрее околу 30 секунди.
Чекор број 2: Ставете го садот со сапунот во микробранова печка и оставете го околу 1 минута за да се стопи. Доколку не е стопен целосно оставете го уште 15-30 секунди.
Чекор број 3: Откако коцките од сапунската база ќе бидат во течна состојба, додадете неколку капки од есенцијалното масло од лимон и маслото од витамин Е.  Добро промешајте.
Чекор број 4: Ставете ја смесата во калапи за сапун и почекајте околу 1 час за да се стврднат. Овој сапун изгледа интересно бидејќи кората од лимон дава прекрасна текстура, а неговата употреба ќе направи да се чувствувате подмладено.

Пронајдете не на следниве мрежи: