Собраниската расправа деновиве и противењето на СДСМ да се искористат сите можности што ги нуди Деловникот при избор на Комисијата за избори и именувања го врати сеќавањето на однесувањето на некои пратеници во минатото за блокада во работата на Законодавниот дом, пишува Телеграф.Врв на непочитувањето на Собранието како дом на демократијата беше во 2012 година кога при расправата за донесување на буџетот за 2013 година СДСМ поднесе стотина амандмани во Комисијата за финансирање и буџет.
Најгласен дека буџетот не треба да се донесе и дека поради тоа се поднесуваат амандмани беше тогашниот пратеник Игор Ивановски. Пратениците од СДСМ ги плашеа граѓаните дека државата ќе банкротира доколку се донесе таков буџет.
Не помогнаа ни укажувањата на власта дека доколку се пролонгира донесувањето на буџетот, најголема штета ќе претрпат граѓаните бидејќи нема да може да им се исплатат плати на вработените во јавниот сектор, но и субвенциите на земјоделците.
Со слични финти се служеше и сегашниот кандидат за претседател на Собранието, Талат Џафери. Тој исто така во 2012 година приредувaше вистинско шоу во Комисијата за труд и социјална политика кога со молчење го спречуваше донесувањето на Законот за бранителите. Џафери за време на одржувањето на седница на Комисијата читаше поезија, а тогашната претседателка на Комисијата, Цветанка Иванова, го бранеше дека на тоа има право.
Џафери дури и ги предупредуваше пратениците дека доколку го прекинат неговото молчење, ќе побара збор и повторно ќе молчи.
За разлика од однесувањето на СДСМ и на ДУИ во минатото, ВМР0-ДПМНЕ сега бара најпрво да се избере Комисијата за избори и именувања до која партиите ќе можат да доставуваат предлози, а дури потоа да се дебатира за предлогот на СДСМ – Талат Џафери да биде нов претседател на Законодавниот дом.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не би било правилно да се прескокнуваат точки од дневниот ред и додаде дека е процедурално да се продолжи со дневниот ред како што е изгласан.
– Време е за дебата, а квалитетот на дебатата е поважен од какво било брзање – потенцира пратеникот.Врв на непочитувањето на Собранието како дом на демократијата беше во 2012 година кога при расправата за донесување на буџетот за 2013 година СДСМ