Како се однесува една Македонка на Закинтос?

Откако македонска девојка ќе стапне на грчкиот остров на луда забава за млади, Закинтос или меѓу нас познат како Занте, таа се трансформира во сосема друга личност. 
Што значи тоа? 
За почеток ќе се распакува, односно се ќе расфрла низ собата, за нормално, се да и биде на дофат, додека се подготвува за на плажа и за вечерно излегување во лудиот Занте. Потоа, ги зема првите парчиња потребни за на плажа и тргнува со своите другарки, да го најде „најшмекерското“ место на плажа каде што ќе може да си најде потенцијална машка мета за вечерта, а во меѓувреме да биде видена во новите бикини за кои тврди дека и се купени од „Манго“, а всушност се од најзабутаната тезга за бикини на Зелен или Бит пазар. 
Дечкото кој ќе и се допадне мора да биде со дебел паричник, зашто сепак таа е дојдена со ограничена сума на пари и мора да внимава каде и на што ги троши, а сака да се покаже дека е девојка од „елитата“. 
Вечерта е решена да прави нешто што ќе важи за правилото: „Што се случило на Занте, останува на Занте“! Го знае само таа и нејзините другарки. А, не дај Боже да се скара со другарките со кои била на Занте, затоа што потоа цело Скопје ќе знае за нејзиниот „луд и незаборавен“ провод на овој грчки остров.
Што е тоа што се случува на Занте и останува на Занте, ќе ви образложиме во следната статија, со посликовит пример, за како една македонска девојка се однесува на Закинтос. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако македонска девојка ќе стапне на грчкиот остров на луда забава за млади, Закинтос или меѓу нас познат како Занте

Пронајдете не на следниве мрежи: