Како се однесува тој кога сака нешто сериозно?

Дознајте кои се петте најчести сигнали кои ги оддаваат мажите кога сакаат нешто повеќе од љубовна авантура со Вас.Тој е искрен со Вас и се чувствува удобно во Ваша близина 
Имате доверба еден во друг, а тоа Ви овозможува да се чувствувате пријатно кога сте заедно, без никаква напнатост и тензија.
Разговарате за лични работи
Вашите разговори се многу подлабоки од секојдневните теми од типот на како сте го поминале денот, што ручавте итн. Мажот кој е сериозен нема проблем да разговара за неговите визии, цели и предизвици во животот. Тој е спремен да го сподели тоа и да покаже ранливост, без страв дека тоа не е типично однесување на еден мачо-маж.

Се грижи за Вашите интереси и амбиции
Мажот кој обрнува внимание на Вашите цели во животот е маж кој сака да се задржи во истиот и да Ви помогне да ги остварите. Вашата иднина е важна за него, но притоа внимавајте неговите дела да бидат погласни од зборовите.
Ве вклучува во донесување на важни одлуки
Пред да донесе некоја одлука, бидете сигурни дека ќе Ве праша за мислење бидејќи тоа му значи, исто колку што му значите и Вие.
Не сака да игра “игри” со Вас
Притоа мислиме на оние кога не Ви се јавува веднаш по состанокот, со цел да не изгледа очајно, или не Ви враќа веднаш на пораката која сте му ја пратиле. Тој е директен и знае што сака, а тоа е да го задржи Вашето внимание и интерес без подли игри.
 
Тој е искрен со Вас и се чувствува удобно во Ваша близина 
Имате доверба еден во друг, а тоа Ви овозможува да се чувствувате пријатно

Пронајдете не на следниве мрежи: