Како се однесува вашиот хороскопски знак под доза на алкохол?

Прочитајте како се однесува вашиот хороскопски знак кога е во близина на алкохол.Овен
Импулсивниот овен сака да се забавува и понекогаш не знае кога е доста. Неговиот натпреварувачки дух го тера да се забавува натпреварувајќи се со пријателите кој може повеќе да испие. Кога пијат тие се забавни и сакаат да флертуваат.
Кога доволно ќе се напијат, од нив можете да дознаете сè што сте сакале, а не сте можеле да го извлечете кога биле во трезна состојба. Сè лошо што ќе направат во пијана состојба, до утрото го сметаат за заборавено.
Бик
Биковите сакаат да пијат мала количина алкохол и често доволно им е да се опијат. Кога навистина се пијани, тие се како вистинско стампедо. Често знаат да ја истурат пијачката по луѓето, а знаат и да се однесуваат невкусно со своите претпоставени.
Кога се пијани сакаат да бидат во центар на вниманието, а во таа состојба најдобро е да се однесат на караоке забава. Со нив забавата е загарантирана.
Близнаци
Близнаците се забавни и можат да се опијат без премногу да го сменат својот вообичаен карактер. Дури и кога се пијани, близнаците се расположени за разговор, а вниманието често оди во некои други насоки. Понекогаш нема ни да сфатите дека се пијани. Способни се да флертуваат со неколку луѓе одеднаш, а во секоја рунда нарачуваат различен пијалак бидејќи едноличноста им е здодевна, дури и кога пијат.
Рак
Тие се нежни души, кои најчесто пијат за утеха. Тие сакаат да се напијат некоја чаша вино по вечерата, а понекогаш и пет-шест пива по работниот ден. Тие се одлични кога треба да одат на тајни ВИП забави на кои не се поканети. Во вистински гламурозен стил, раковите никогаш не се целосно пијани, туку често се „уморни и емотивни“. Сепак, нема ништо позабавно од тоа да испиете шише црно вино со вашиот омилен пријател роден во знакот рак.
Лав
Лавовите сакаат да пијат и да танцуваат, секако доколку се добри во танцување. Кога се пијани, стануваат мили и драги, но секогаш се свесни како се однесуваат. Ги знаат своите граници бидејќи се плашат да не ја изгубат контрола. Кога претеруваат со пиење, тогаш флертуваат, но никогаш не ја преминуваат границата. Утредента, обично се мамурни и се обидуваат да се извинат доколку направиле нешто лошо.
Девица
Девиците се познати како претерано чисти, па така нивниот карактер не им дозволува да се опуштаат со алкохолот. Тоа значи дека внимателно го одбираат пијалакот кој го пијат. Ретко губат контрола, но доколку ја изгубат, очекувајте спектакл.
Вага
Симпатичните ваги често ќе ви кажат дека пијат од забава и дружељубивост. Вагата најмногу сака забава, флертување и запознавање нови луѓе. Кај нив, некои видови алкохол ја поттикнуваат подобрата, а кај некои полошата страна. Бидејќи се многу шармантни и без самоконтрола, вагите можат да флертуваат со сите во просторијата, а понекогаш знаат и на половина вечер да се онесвестат.
Скорпија
На скорпија никогаш не ѝ кажувајте дека и е доста, бидејќи ќе се навреди и тајно ќе продолжи да пие додека целосно не се опие. Тие сакаат да пијат, а ако тоа не ви одговара, подобро тргнете ѝ се од пред очи. Тие се одлично друштво за пиење, со нив ќе водите интересни разговори и ќе флертувате на посебен начин. Исто така, ќе се сеќаваат на сè што сте направиле, па затоа пијте само со скорпии што ве сакаат.
Стрелец
За нив важи поговорката In vino veritas (Во виното е вистината). Кога ќе се напијат, стрелците ќе ги кажат сите ваши, а и многу свои тајни. Доколку ова го тргнеме на страна, со стрелците е многу интересно да се пие. Во вој знак се родени голем број забавувачи, како Френк Синатра, Кит Ричардс и Ана Никол Смит. Стрелците се луѓе кои зборуваат со сите во просторијата, а знаат да го убедат цело друштво да направи некој нов и чуден подвиг.
Немојте да се зачудите ако во текот на пиењето со стрелец се најдете во некоја нова земја или барем на непозната локација во вашиот град.
Јарец
Најчесто јарците се практични, сакаат пари и општествен статус, па не е чудно што често не се на списокот за некоја луда забава. Сепак, ова е знакот во кој се родени Елвис Присли, Ени Ленокс и Дејвид Боуви, што кажува дека јарците сепак знаат да се забавуваат.
Тие се вистински рок ѕвезди, независни се, моќни и харизматични, а не сакаат премногу да им досадуваат на луѓето околу нив.
Водолија
Водолиите и алкохолот не одат едно со друго. Кога се пијани имаат чувство дека знаат сѐ, а доколку во таа состојба добијат некоја идеја, нема да се откажат по ниту една цена. Но, доколку приредуваат забава или организираат излегување, преокупирани се со детали од кои не се откажуваат до крај. Во овој случај тие се слатки и шармантни. Во голем број случаи, тие се грижат за оние кои навистина претерале со алкохолот.
Инаку, тие сакаат пијани луѓе и обожаваат да водат чудни разговори со нив.
Риби
Доколку сте родени во овој знак, веројатно веќе знаете дека го делите со некои најпознати зависници на сите времиња. Во знакот риби родени се Курт Кобејн, Елизабет Тејлор и Лајза Минели. Рибите не само што сакаат да отпатуваат во светот на соништата креиран со помош на алкохол, туку многу брзо и стекнуваат толеранција на него.
Од друга страна тие се одлични партнери, без разлика дали станува збор за обичен разговор или нешто навистина лошо. Со рибите можете да ја почнете вечерта со пијачка и да завршите во кревет со денови. Зборот „зависници“ може да се сфати на повеќе начини.Овен
Импулсивниот овен сака да се забавува и понекогаш не знае кога е доста. Неговиот натпреварувачки дух го тера да се забавува натпревару

Пронајдете не на следниве мрежи: