Обично тие кои се сингл веруваат дека никогаш нема да се променат. Тие би се обложиле со вас дека доколку влезат во врска, тоа нема да влијае тие да престанат да излегуваат, да се дружат секојдневно со пријателите или пак, дека нивниот социјален живот ќе претрпи каква било промена. Но, и покрај сè, сепак нивниот живот се менува целосно.- Кога сте сингл обожавате да излегувате со вашите пријатели, но кога сте во врска, многу поретко се гледате со нив.
– Кога сте сингл многу често пиете алкохол и не ви пречи вашето однесување на забавите, но кога сте во врска сметате дека во јавност е доволно да се напиете само една чаша вино.
– Кога сте сингл се грижите само за еден роденден – вашиот, но кога сте во врска чувствувате обврска да ги следите родендените на сите личности во неговиот живот.
– Кога сте сингл мразите романтични комедии (барем тоа им го кажувате на другите), но кога сте во врска не се чувствувате под притисок да лажете за вашите моменти кога едноставно имате потреба од вакви приказни.
– Кога сте сингл понекогаш од толку многу забави и лудории заборавате и по неколку денови да им се јавите на вашите родители, но кога сте во врска секојдневно наоѓате време за нив.
– Кога сте сингл постојано објавувате фотографии од вашето секојдневие на Инстаграм, но кога сте во врска…
– Кога сте сингл го гледате вашиот живот во иднина со премногу забави и патувања, но кога сте во врска го гледате вашиот живот покрај вашиот партнер, на каучот и пред телевизор.
– Кога сте сингл обожавате да бидете пријателски настроени и социјални, но кога сте во врска не помните кога последен пат сте се насмеале на личност од спротивниот пол која не ја познавате.- Кога сте сингл обожавате да излегувате со вашите пријатели, но кога сте во врска, многу поретко се гледате со нив.
– Кога сте сингл многу