Како се превртувал „мерцедесот„ на Никола Младенов?

Три дена по смртта на новинарот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов се појавија низа нејаснотии поврзани со дестинацијата на Младенов, како и доказите на местото на настанот.
Весникот „Нова Македонија“ се обиде да најде логички одговори на овие прашања. Покрај тоа весникот пишува за тоа како се превртувал „мерцедесот“ на Младенов. Иако, сеуште не е разјаснето како дошло до несреќата, јасно е дека возилото на новинарот удрил во бетонската ограда, крај левата коловозна лента и за тоа сведочат трагите од гумите што јасно се гледаат на оградата.
По ударот, левата страна од возилото на Младенов, односно страната од кај возачот, ја допрело оградата и се поткренало на десната страна, потоа преминало на другата страна од автопатот и се удрило во металната ограда.
Автомобилот откорнал дел од неа и се влечел надолу во провалијата. Потоа движејќи се удрил во земјата, а на крајот се превртел неколкупати, прелетал преку дрвјата и завршил зад нив на повеќе од стотина метри од патот.
Според непотврдени информации на Нова Македонија, сѐ се случувало по 23 часот (најверојатно околу 23.35 ч.) при брзина од најмалку 140 километри на час. Тоа било времето што било „запишано“ на контролната табла, а стрелката од километражата на автомобилот била закочена.
Сметањето на времето и мерењето на брзината запреле кога под притисок од ударот од возилото излетал акумулаторот и на тој начин била пресечена работата на електрониката. Истражните органи не откриваат детали за причините за сообраќајната несреќа во која загина сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов. Три дена по смртта на новинарот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов се појавија низа нејаснотии пов

Пронајдете не на следниве мрежи: