Џеф Безос, основачот на Амазон, е уште еден пример во низата на интернет бизнисмени, а неговото богатство се проценува на 23 милијарди долари.Џеф Безос, роден како Џефри Престон Јоргенсен во Албукерија. Неговите предци се доселеници кои некогаш живееле во Тексас, каде низ генерациите стекнале имот од 25.000 хектари на рачот во Котули. Неговиот дедо од страната на мајка му, бил познат како регионален директор на американската комисија за атомска енергија. Рано заминал во пензија, а Џеф заедно со него на ранчот поминувал поголем дел од летото, каде уште како дете покажал големи механички способности, кога со штрафцигер успеал да размонитра лулка. Бракот на неговите родители не траел долго, а кога имал само пет години, мајка му повторно се омажила, овој пат за Мигел Безос кој од Куба емигрирал во САД на свои 15 години. Тогаш фамилијата на Џеф се преселила во Хјустон, каде во гаражата на своите родители направил лабораторија за бројни научни проекти. Фамилијата, не се задржала долго во Тексас. Набрзо се преселиле на Флорида, каде што Џеф го завршува средното образование, но и курсот за ученици заинтересирани за наука, на Универзитетот на Флорида. Набрзо заминува на познатиот Универзитет Принстон каде што планира студиипо физика, но сепак се враќа на својата љубов – компјутерите и 1986-та година стекнува диплома за електротехничка и компјутерска наука. Дипломирал прв, во својата генерација. После студиите започнува да работи како информатичар на Вол Стрит, прво во Фител, потоа во Банкерс траст, за на крај да заврши во компнијата Д.Е.Шоу. Таму ја запознава својата сопруга Мекензи, а во 1990 година бил именуван за потпретседател. Паралелно со успешната кариера во еден од најголемите хеџ фондови, 1994-та година Џеф Безос одлучува да даде отказ, и да основа своја интернет компанијата. Безос увидел дека употребата на интернетот има годишен раст од 2.300%, што е главната причина поради која видел потенцијал за отворање свој бизнис. Размислувал кој традиционален вид на работа можела поефикасно и побрзо да се извршува на оваа мрежа, а одговорот го нашол во вид на онлајн книжарница. Својот проект го започнува во својата гаража после исцрпното тестирање на бета верзијата на Амазон, со што во 1995-та година излегува на пазарот. Во првите месец дена, без некакви реклами, Амазон продавал книги ширум САД и во 45 странски држави во вредност од 20.000 долари. Инвеститорите во почетокот тврделе дека компанијата има 70% шанси за неуспех, а голем број од нив биле членови на фамилијата на Џеф, кои до крајот на деценијата биле тешки неколку милијарди долари. Скептиците се сомневале дека онлајн книжарата ќе постигне само краткотраен успех, но Амазон во 1998-ма година се проширува на продажба на ЦД, филмови, облека, играчки и електронска опрема. Додека многу интернет компании пропаднале после првобитниот бум, Амазон од 510.000 долари промет во 1995-та година, достигна до 17 милијарди долари промет во 2011-та година.
Глад за иновации
Безос во 2004-та година ја основа компанијата Блу ориџин, чија примарна цел е усовршување на летечките објекти за лет во вселената, примремање на човекот за живот надвор од планетата Земја и истражување на непознатите вселенски пространства. Новата земјенска иновација била представена во 2007-ма година – станува збор за електронско читање книга на Киндл апликација, со помош на бежичен интернет. Оваа апликација му овозможува на корисникот купување, чување и читање на стотина книги. До 2010 години, продажбата на Киндл и електронските книги достигнала бројка од 2,38 милијарди долари. Најнов проект на овој иноватор е изградбата на часовник вреден 42 милиони долари. За локацијата е избран Текст, поточно планината покрај една од неговите куќи. Посебноста на часовникот е што ќе емитува посебни звуци за секоја година која ќе измине во наредните 10.000 години. Нешто слично како црковните часовници кој означуваат пладне, само што часовникот на Џеф Безос ќе означува крај на една, и почеток на друга година.
Запрашан за причината на овој проект, Безос изјавил: “Тој часовник ќе биде симбол на долгорочното размислување. Ако размислуваме долгорочно, ќе можеме да го оствариме она што иначе не би можеле.” Часовникот кој го град ќе има пет временски комори кои ќе се отвараат и ќе испуштаат звук како кукавицата на часовниците од минатото. Првата комора ќе се отвора секоја година, другата на секои 10 години, и така натаму се до последната комора која ќе се отвори еднаш, односно по 10.000 години. Безос се надева дека по завршувањето часовникот ќе стане туристичка атракција. Инаку, Џеф Безос е татко на четири деца.
Извор:think.mkЏеф Безос, роден како Џефри Престон Јоргенсен во Албукерија. Неговите предци се доселеници кои некогаш живееле во Текс