Како се спаси девојчето кое другарките го избодеа 19 пати со нож?!

Семејството на девојката која 2 другарки ја избоделе 19 пати во бизарниот случај, инспириран од митолошкото битие „Slender man“ остави писмо на местото на кое жртвата е спасена. Тоа се првите детали за девојчето кое го преживеа бруталниот напад, кој ја шокираше цела Америка и светот воопшто.„Ние, семејството на 12 – годишната жртва од Вокеш, трогнати сме од изливот на љубов која ја добиваме од заедницата, но и од целата земја и светот,“ стои во писмото.
Во посебно соопштение, тие потврдија дека девојката е отпуштена од болницата во Вокеш.
„Не сакавме многу да ја оптоваруваме со случувањата од 31 Мај, но само ја прашавме од каде силата сама буквално да ја прелази шумата и да бара помош. Нејзиниот одговор беше едноставен: Сакав да живеам.“
Девојките кои го извеле овој брутален напад  М.Г. и А. В. Ќе бидат обвинети за убиство како возрасни.
Во писмото од семејството на жртвата не се споменува измислениот лик Slender man, кој според овие две злосторнички претставувал инспирација за ваквиот чин.
„Нашата силна девојка, го сака своето училиште и наставниците. Му се радува на летото,но вели дека сепак ќе и недостига училиштето. Таа го сака животот, а ја има и онаа драматична искра во очите која ја имаат сите деца на 12 години. Таа искра сега е малку бледа, но сигурни сме дека ќе се врати посјајна од кога и да било, и тоа поради неверојатната поддршка која ја добива од целиот свет,“ – напишаа тие.

 
Семејството отворило и посебна сметка на која оние кои сакаат да помогнат можат да донираат средства за покривање на големите трошои од опоравувањето на девојчето.
Директорот на училиштето каде учат сите три девојчиња вели дека ниедна од нив никогаш не била вклучена во било каков проблем.
– Сите три девојчиња се добри деца, никогаш со нив не сме имале ниту мали дисциплински проблеми, вели директорот на училиштето.„Ние, семејството на 12 – годишната жртва од Вокеш, трогнати сме од изливот на љубов која ја добиваме од заедницата, но и од целата зем

Пронајдете не на следниве мрежи: