На секоја забава постои некој кој е полн со енергија и некој кој е склон кон скандали и флерт. Но, има и такви кои едвај чекаат да стигнаат дома. Вашиот хороскопски знак открива какви сте на забавите.
Овен- прв е во смислување „лудости“ и опасни игри, досадно му е доколку нема возбудлива завршница, како што е трка со автомобили или бурна и гласна расправија.
Бик- нема да уживаат доколку не се опкружени со преполна трпеза на домашни и вкусни јадења. Пеење добри песни во пријатно друштво е добредојдено.
Близнаци- кога тие се забавуваат, забораваат на своите години и се однесуваат како тинејџери. Гласна музика, што повеќе познати и непознати луѓе, зборување, смеење и флерт.
Рак- со него никогаш не се знае. Тие можат да бидат најзабавни луѓе во просторијата, да ги засмејуваат сите околу себе, но исто така можат да бидат и целосно депресивни. Како и да е, преферираат мали и интимни забави со личности кои добро ги познаваат.
Лав- тие сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа може да ги најдете на елитни места како се забавуваат со своите пријатели. Лавот секогаш може да го забележите во толпата. Секогаш се добро расположени за забава.
Девица- ретко кога целосно се опуштаат на забава, но тоа не значи дека не уживаат.Тие мирно и отмено ги пијат своите коктели, наоѓаат пријатен соговорник и ги набљудуваат луѓето.
Вага- тешко се опуштаат на „обични“ места, тие сакаат да излегуваат на ексклузивни места со убава храна, но убавата забава нема да се случи доколку не се сигурни дека се совршено облечени и не блескаат во својот полн сјај.
Шкорпија- сакаат јаки „зачини“ на забавите, како што е покер во „соблекување“, црн хумур и слично. Но, ако не се расположени за забава, само мисетериозно ќе се прикриваат во толпата.
Стрелец- омилени на сите забави. Домакинките ги сакаат зошто секогаш ја пофалуваат добро приготвената храна. Знаат да имаат и лош ден, на кој само седат во некој агол и со иронија ги гледаат другите присутни на забавата.
Јарец- или не се воопшто опуштени или претеруваат, на забавите го дозволуваат се она од што бегаат во секојдневниот живот. Гласни се и отворено заведуваат.
Водолија- најчесто ги превземаат работите во свои работи и ги анимираат сите околу себе, но исто така може да бидат и целосно депресивни. Како и да е, преферираат мали и интимни забави со луѓе со кои добро се познаваат.
Риби- не се снаоѓаат добро на забавите. Тие со задоволство ќе најдат мирно и тивко катче за гитара и вино, каде што ќе може опуштено да се прегрнуваат со партнерот и да пејат стари хитови.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На секоја забава постои некој кој е полн со енергија и некој кој е склон кон скандали и флерт. Но, има и такви кои едв