Како се запишува со фалсификувани документи цела зграда во КАТАСТАР! Во Скопје се е можно

Не, не драги мои. Не е ова новела или научна фантастика туку реалност во нашата држава. И се случува пред наши и ваши очи. Како што претходно веќе пишувавме постојат фирми кои градат (како што градат) згради и истите ги упишуваат незаконски во Катастар за потоа да го крчат имотот и да се збогатуваат. Ние веќе пишувавме дека постои фирма во Скопје која издава лажни фактури во Скопје и истите ги извршува потпомогната од Извршител кој работи надвор од законот, како и потпомогната од судии кои донесуваат сомнителни пресуди или на ниво на Апелациски суд преиначуваат пресуди на пониски судски нивоа но и нотарски одлуки. За тоа ќе се потпестите доколку ги прочитате линковите кои ги приложуваме со овој текст.
Денеска ќе ви објасниме како се запишува цела зграда во Катастар со фалсификат документи (ова е вистинит случај и редакцијата ги поседува сите документи кои доколку се појави државна институција која работи според закон ќе и бидат презентирани на истата). Имено фирмата Максити (за која веќе пишувавме) во својство на соинвеститор запиша во 2015 во катастар цела зграда со фалсификувани потписи на другиот соинвеститор и незавршената зграда (поседуваме вештачење на 500 страни) ја раскрчми целосно пред да реагираат воопшто институциите. 
Вториот соинвеститор отстапувачот на земјиштето) во август 2015 бил изненаден кога во Катастар на РМ му било соопшетно дека зградата во Жданец на улица Нерешка е запишана и се издадени имотни листови. Потоа е побаран од оштетената странка увид во документацијата. При детален преглед на документацијата востановено е дека е фалсификуван печатот и потписот на управителот. За ова е поднесена кривична пријава во МВР. Во катастарот е приложен Записник за технички прием кој е фиктивен и истиот го има изработено фирма од Гостивар која не припарила во објектот за кој издала документација како е изграден.
Потоа во МВР се вештачени потписите на управителот и сопственикот на оштетената фирма, по нивно барање (се работи за земање на примерок од над 300 потписи за анализа). И погодете што. Нема никаква реакција на овој очигледен криминал и прекржување на законите повеќе од година ипол. Во меѓувреме фирмата Максити го раскрчми имотот и истовремено е под блокада од УЈП за неплатени обврски кон оваа државна институција. 
Инкриминираната фирма продава станови на странки знаејќи дека има фалсификуван упис во катастарот. На дел од купувачите им е соопштено тоа од страна на оштетената фирма при што некои се имаат повлечено од купувањето. Но на некои им е направена продажба и истите се на пат да завршат во судските лавиринти, ако воопшто постои правна држава.
За тоа не сме сигурни бидејќи се сомневаме дека кривичната пријава за фалсификуван упис на цела зграда е во некоја фиока. Да се надеваме дека ова обзнанување на ваков начин ќе ги помести работите и дека службите на државата конечно ќе почнат да си ја вршат работата…
****
Имате случај на изнуда, рекетарство и незаконско малтретирање од корумпирани извршители поврзнани со администрација, пишете ни на службениот маил. Ќе објавиме. 
****
ПРОДОЛЖУВАНие веќе пишувавме дека постои фирма во Скопје која издава лажни фактури во Скопје и истите ги извршува потпомогната од Извршител кој работи надвор

Пронајдете не на следниве мрежи: