Како се живее без глутен: Што смеете, а што не смеете да јадете?

Омилена помеѓу познатите во Холивуд, одбегнувањето на храната која содржи глутен е одличен начин за прочистување на организмот, а воедно и губење на неколку вишок килограми.Исхраната без глутен се покажува како доста популарна во светот.
Доколку практикувате храна без глутен ќе почувствувате значајно здравствено подобрување и губење на тежината (на секои 4 дена се губат од 1 до 1,5 килограми).
Менувањето на исхраната кон онаа без глутен е голема промена за вашиот организам и ќе биде потребно време со цел да се навикнете.
Но, останете позитивни и фокусирајте се на храната која смеете да ја јадете.
План за исхрана без глутен:
Појадок: 1 варено јајце, 200 гр. сирење, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. какао или чај со млеко.
Појадок бр.2: 200 мл. сок
Ручек: 200 мл. супа од риба со компири и моркови, 100 гр. варена риба, 100 гр. варен компир со грашок, 100 гр. салата од зеленчук со растително масло, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. компот од овошје
Ручек бр.2: 100 гр. сирење, 100 гр. овошна салата, 200 мл. Кефир
Вечера: 1 краставица, 100 гр. издинстано пилешко месо, 20 гр. леб без глутен, 150 гр. варен компир со грашок, 200 мл. чај со шеќер без глутен.
Пред спиење: 200 мл. јогурт
Секогаш одбегнувајте
Храна и пијалаци кои содржат:
• Јачмен• ‘Рж• Тритикале• Пченица
Одбегнувајте ги следниве производи, доколку не се обележани со етикета “без глутен”:
• Пиво• Леб• Торти и пити• Бонбони• Житарици• Колачи• Помфрит• Имитација на месо или морска храна• Тестенини
• Обработено месо• Преливи за салата• Сосови, вклучувајќи и соја сос• Зачинети закуски, како чипс и тортилја чипсови• Супи и чорби• Зеленчук во сос• Одредени жита како овес
Дозволена храна
• Грав• Свежи јајца• Месо и риба (да не бидат маринирани или поховани)• Овошје и зеленчук• Повеќето млечни производи
Важно е да се осигурате дека овие прозиводи не се обработени или измешани со зрна кои содржат глутен, адитиви или конзерванси.
Многу зрна можат да бидат дел од диетата без глутен:
• Леќа• Пченка• Лен• Брашно без глутен (од ориз, соја, пченка, компир)• Ориз• Соја• Тапиока• Ароврот• Сорго
Ризици
Луѓето кои ја следат исхраната без глутен може да имаат ниски нивоа на одредени витамини и хранливи материи во нивната исхрана.
Па затоа, осигурајте се дека овие витамини ќе ги внесувате по вештачки пат.
 Исхраната без глутен се покажува како доста популарна во светот.
Доколку практикувате храна без глутен ќе почувствувате значајно здравствен

Пронајдете не на следниве мрежи: