Дојде и тој долго очекуван ден и новата сезона од популарната серија е пред нас! Но, иако гледањето на новите епизоди нуди задоволство, новите истражувања покажуваат дека постојат и негативни страни. Имено, некои гледачи толку се врзуваат за ТВ сериите што ги запоставуваат сексуалните потреби на партнерот, ги откажуваат плановите со друштвото и не спијат доволно.Три четвртини од вкупно 2.000 анкетирани признале дека понекогаш поминуваат и по 3 часа, гледајќи ги своите омилени серии, додека секоја 8 личност изјавила дека често знае да се занесе, па поминува и по 6 часа пред телевизорот.
Истражувањето исто така покажа дека половина од луѓето се толку љубопитни што би го жртвувале сонот за да дознаат што ќе се случи понатаму. Меѓутоа, дури 15% признале дека одбиле или пропуштиле секс за да си ја гледаат омилената серија. Третина од испитаниците тврди дека им беше тешко да престанат да ја гледаат серијата штом почнале со гледање, а четвртина ги откажале плановите за излегување.
Што се однесува на техничката поддршка, на испитаниците најмногу им пречи што сликата често се кочи, што звукот не е добро синхронизиран со сликата, како и тешкото поврзување со сервисите за гледање на филмови.
Интересен е и фактот дека голем број од мажите изјавиле дека би сакале да си ја гледаат омилената серија со партнерките, додека жените би сакале сами да уживаат во омилените епизоди.Три четвртини од вкупно 2.000 анкетирани признале дека понекогаш поминуваат и по 3 часа, гледајќи ги своите омилени серии, додека секоја 8 личност