„Како си ја самоубивме хемијата која ја создававме со години“

Loading...

На официјалниот веб сајт на Кирил Лазаров излезе колумна со мислење за последните збиднувања поврзани со нашата ракометна репрезентација.На официјалниот сајт, специјализиран за Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, излезе колумна со видување на последните настани во нашата ракометна репрезентација.
 
Зоран Мишевски, новинар во „ТЕРА ТВ“, а воедно и администратор на овој официјален веб сајт наменет за нашиот капитен Кире Лазаров со свое гледиште во однос на мошне разбрануваната тема.
 
Во Македонија лавина од реакции по Европското Првенство во ракомет кое се одржа во Данска, нашата селекција го освои 10-тото место, со што ја зацртаната цел стана реализирана, но, на сцена настапија изјави на дел од ракометарите кои ја кренаа македонската јавност на нозе, се јави голема поделба во однос на мислењата по овие прашања.
 
Топ тема беше секако „натурализацијата“ во нашиот национален состав, поделени мислења во однос на „засилувањето“ во националниот тим со Немања Прибак и Ренато Вугринец.
 
– Појаснување: „НАСЛОВИТЕ“ од сите извадоци не се дел од официјалната колумна –
 
МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ БЕЗ „ИДЕЈА“
 
„Зошто првиот турнир за подготовка на одредени репрезентативци ние го искористивме за бламажа, наместо за компетитивни натпревари, воигрување на тактички детали, на крајот на краиштата и резултат. И зошто дозволивме репрезенатативниот дрес да се откажува и да се пазари. Медитеранските игри требаше да бидат сватени сосема поинаку. Требаше да се анализираат и да се санкционираат тие кои откажаа да го носат дресот со државниот грб.“

 
 
„ТИВКО ЛАНСИРАНИ“ ВО ТИМОТ ПРИБАК И ВУГРИНЕЦ
 
„Во јуни, јули, август ниту збор, ниту потреба, ниту идеа. Прашање е каде и како се роди опцијата за Прибак и Вугринец? Кој ја лансираше или тивко го подготвуваше ова засилување во националниот тим? Верувам дека ако во летните месеци како идеа беше предложено, немаше никогаш да се реализира. Доволно е да се разговара со ракометниот еснаф, со бившите селектори, со ракометни работници, со сите оние кои знаат како да ја надградат оваа репрезентација и сите оние кои знаат како ќе бидат прифатени евентуалните „странци„ Тоа требаше во јули. Во декември се е предоцна. Во декември и Штербик да ни го понудат, принципиелна и планирана, темпирана репрезентација за голем настан, треба да го одбие.“
 
АВТОГОЛ НА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
 
„Зошто служеа сите доближувања до европското првенство, ако некој може преку ред да влета на нечие место. И не само преку ред, туку и со песна. Како што изјави Душан Новокмет од Ваљево пред некој ден: „Јас никогаш не играв за пари за Македонија….„ алудирајќи на начинот на кој некој дојде во репрезентација. Токму таа приказна, дури и информацијата дека некои од стандардните репрезентатици знае за идеата, а некои не, ја подели репрезентацијата уште во декември. Тие кои се надеваа на место за оние последни слободни, знаеа дека имаат конкуренти кои не можат да ги победат. И не само заради перформансите на теренот. Затоа одлуката на ЕХФ дека Прибак може да игра во втората фаза, а Вугринец воопшто не може да игра, беше голем автогол за нашата федерација и нашето лоби.“
 
ЗА ПРВ ПАТ СО РАКОМЕТАРИ КОИ ПРЕТХОДНО ИГРАЛЕ ЗА ДРУГА ЗЕМЈА, ПЕЕЛЕ ТУЃА ХИМНА
 
„За прв пат бевме на прагот во репрезентација да играат ракометари кои претходно играле за друга земја, кои претходно пееле туѓа химна, бакнувале друг грб. Бидејќи не беше така во случаите со Ходик, Новокмет, Зарков и слично. Тие дојдоа во млади или зрели години, оставија трага во нашиот ракомет кога не можеше да дојдат странци колку што сакаш, кога нашите ракометари учеа од гореспоменатите. Па Кире неколку пати потенцираше колку Дуле Новокмет му помогнал, сите знаеме како и колку Зарков играше за Македонија и денес кога споредуваме модел за наш кружен напаѓач го спомнуваме него или Игор Котевски. Да не дојде дека сметам дека тој еден-единствен настап на Прибак за Србија против аматерите од Австралија во Малме 2011 (ако не настапеше тогаш, немаше пречка да биде пријавен од стартот во Данска) и преку сто настапи за Ренато Вугринец, кој е атлета за респект, кој многу брзо ја придоби ракометната публика, посебно таа која навива за Металург, да не дојде дека тие се виновни. Но добро, пак да потенцираме дека и Прибак и Вугринец се повеќе од пристојни спортисти. Ништо лично против нив. Немања е имплементиран во нашиот ракомет, говори добро македонски, но е само 3,4 избор на позицијата зад Наумче и Жути. Можеби и хиерархиски и зад Стојчески и Кузмановски. Но тоа е до изборот на селекторот.“
 
ШТО АКО ПОЛОВИНА СОБЛЕКУВАЛНА МИСЛИ КАКО БРАНКО АНГЕЛОВСКИ?
 
„Зошто го потрошивме кредитот сега, а не по Данска 2014 и зошто репрезентацијата не е како едно семејство како порано. Затоа не ме изненадува гневот на Ангеловски и неговата сега веќе фамозна изјава, која сите ја протолкуваа како што сакаа и како што им одговара. А што ако Бранко кажа што мисли половина соблекувална? Беше уште под импресии од добро одиграниот меч кој ни избега низ прсти, сеуште додека е жешко што би рекле спортистите, а кажа што мислат скоро сите? Јас не сум меѓу тие кои мислат дека директно го нападна Прибак, туку меѓу тие кои директно го нападна процесот на натурализација. А можеше тоа да го каже веднаш во декември, па пред нова година кога не беше повикан на скратениот список. Можеше и да му се одмазди на тие кои го изоставија и кога дополнително го повикаа по повредата на Филип Лазаров. Можеше цело време тоа да го каже, но зошто ништо не говореше? Веројатно сред подготовки ќе исфрлеше „бомба„ но пак вистината ја знае тој и да не нагаѓаме, сигурно еден ден ќе ни ја каже на сите. Впрочем тој е еден од оние кој игра за Македонија откако игра ракомет, значи скоро две децении.“
Повеќе на sport365.mkНа официјалниот сајт, специјализиран за Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, излезе колу

loading...
Loading...