Како телото предупредува дека лошо се храните?!

Секојдневниот брз начин на живот не ни дозволува да ги забележиме суптилните промени кои му се случуваат на нашето тело. Човечкото тело, сметаат експертите, многу рано почнува да покажува симптоми дека нешто не е во ред и дека не се грижиме доволно за себеНајчесто се уништуваме со лоша исхрана, недоволно движење, но и со стрес.
Лош квалитет на косата – Испуканите врвови, опаѓањето на косата, премногу мрсната коса и првутот се знаци дека лошо се храниме и дека на организмот му недостасуваат протеини, здрави масти, железо и цинк, како и витамин Ц. Косата меѓу првите почнува да испраќа порака дека лошо се храниме.
Прерано стареење – Стареењето никој не може да го одбегне, но може прераното стареење. Сушењето на кожата и појавата на брчки понекогаш се случува порано бидејќи не јадеме доволно овошје и зеленчук, а на нашиот организам му недостасуваат витамините А, Ц, Д и Е, како и каротеноиди и флавоноиди.
Лоша состојба на усната празнина – Воспаление и крварење на непцата, често крварење на забите, нивно паѓање и промени на јазикот, укажуваат дека во храната имаме премногу нездрав шеќер. Можеби не јадеме секој ден слатки, но конзумираме сокови и останата храна за која не знаеме дека содржи шеќер. Таквиот начин на исхрана неминовно доведува прво до проблеми во усната празнина, а потоа и до посериозни проблеми.

 
Брзо слабеење и дебелеење – Било каква драстична промена на телесната тежина е знак дека сме во целосна нерамнотежа во поглед на исхраната, а истражувањата покажуваат дека тоа со тек на времето доведува и до карцином.
Проблеми со концентрацијата и памтењето – Ако забележите дека често заборавате работи, лошо памтите и тешко се концентрирате, веројатно исхраната ви е сиромашна со омега 3 масни киселини, кои се потребни за здраво функционирање на мозокот.
Замор и исцрпеност – Повеќето луѓе се жалат на симптоми на замор и исцрпеност, а токму тоа се првите знаци дека лошо се храниме и му штетиме на организамот. Проблемот може да се реши само со воведување во исхраната на здрави производи, редовно вежбање и квалитетен сон.
Извор:kukuriku.mkНајчесто се уништуваме со лоша исхрана, недоволно движење, но и со стрес.
Лош квалитет на косата – Испуканите врвови

Пронајдете не на следниве мрежи: