Како телото ви кажува дека сте дехидрирани?

Дехидратација е состојба кога телото нема доволно вода и течности. Водата се состои во 60-80% од телесната маса, па логично е дека доколку не се конзумира доволно, можат да се појават најразлични проблеми!Пиењето на многу вода секојдневно е неопходно. Ако не се пие доволно, телото испраќа најразлични знаци кои укажуваат на дехидратација.
1. Имате главоболки
Вашето тело постојано користи течности. Не само вода, туку и минерали. Кога ќе се спушти нивото на хидратација, се случува хемиска реакција во крвта, на која е осетлив мозокот. Тогаш почнуваат главоболки. Главоболките се влошуваат, кога се губи количинбата на водата. Тогаш се намалуваат крвните садови и главоболките растат.
2. Добивате вртоглавици при нагло станување
Без доволно вода во организмот, крвниот притисок опаѓа и предизвикува вртоглавици, па дури и несвестици. Еден од клучните показатели за дехидрираност, е кога ќе станете нагло и веднаш ви се свртува во главата.
3. Често сте гладни
Еден од знаците е зголемениот апетит. Само што сте јаделе, и по некое време повторно чувствувате глад. Особено ви се пријадува овошје кое содржи вода. Ова е нежен показател дека вашето тело има потреба од вода, а не храна. Напијте се чаша вода и увидете сами!

4. Многу ви се спие
Кога се чувствувате уморни и поспани, иако сте спиеле доволно, тоа значи дека сте дехидрирале. Тогаш често ви паѓа крвниот притисок и ви се зема енергијата. Затоа напијте се вода!
5. Мускулите ви се грчат
Често се појавуваат греви на мускулите кога организмот има недостаток од вода. Хидратацијата помага при спречување на грчевите, затоа пијте вода и течности!
6. Кожата не ви е еластична
Добро е познато дека водата е најдобар пријател на здравата и убава кожа. Со еден мал тест можете да проверите дали сте доволно хидрирани. Едноставно штипнете дел од кожата и пуштете го. Ако веднаш се врати во првобитната форма, тогаш е во ред. Но доколку малку се згужва, тогаш време е веднаш да се напиете многу вода!Пиењето на многу вода секојдневно е неопходно. Ако не се пие доволно, телото испраќа најразлични знаци кои укажуваат на дехидратација.

Пронајдете не на следниве мрежи: