Како треба да изгледа најзгодниот маж на светот?

Обелената коса на Џорџ Клуни, брадата на Дејвид Бекам… доколку го земеме „најдоброто од најдобрите“, дали ќе го добиеме најубавиот маж на светот? И како тој би изгледал?  Трансплантацискиот естетски центар, клиниката „Краун“ во Манчестер, анкетираше повеќе од илјада свои клиенти, за да направи фото-робот од најубавиот маж на планетава, пренесува „Дејли Телеграф“.
Постарите од 30 години со косата на Клуни и брадата на Бекам, треба да ги имаат очите на Бредли Купер, носот на Бред Пит и вилицата на Дејвид Ганди.
Анкетата покажа дека на постарите мажи подобро им стои густа брада отколку на младите, додека и во двата случаи, пожелно е да имаат сина боја на очи.

Хирургот Асим Шамалак од клиниката, изјави дека Дејвид Бекам и Џорџ Клуни се најголеми модели за неговите пациенти, воглаво вклучувајќи трансплатација на коса и брада.
Најпознати клиенти на клиниката „Краун“ биле Роби Вилијамс и Вејн Руни, кои јавно ја пофалија работата на д-р. Шамалак.Трансплантацискиот естетски центар, клиниката „Краун“ во Манчестер, анкетираше повеќе од илјада свои клиенти, за да направи фото-робот

Пронајдете не на следниве мрежи: