Како Трифун и Валентајн станале светци?

Според православните обичаи денес е Свети Трифун маченик. Според преданијата големиот грешник Трифун, бил ладнокрвен убиец, кој убил 99 луѓе, па бил осуден на божја казна. Од казната можел да биде ослободен само кога ќе пролиста отсечено врбово дрво.
Трифун одгледувал лубеници, а по осудата на секој минувач му давал по една од неговите лубеници. Меѓутоа, еден ден некој минувач, брзајќи, не обратил внимание на Трифун и на неговиот подарок, па Трифун потрчал по него со лубеницата и го убил.
Очаен што го убил сиротиот човек се вратил и ја видел пролистана врбата! Човекот кого не можел да го запре одел да ја колне девојката пред свадба. А тоа, според народното сваќање е непростлив грев, па ова убиство на Трифун не му било земено за зло, a со тоа сите предходни недела му биле простени.
Св. Валентајн според западната традиција, која некако последниве години се провлекува и кај нас е католички празник или неофицијалниот светски ден на заљубените. Според преданијата Валентајн со љубов ја излечил слепата ќерка на угледен благородник. Точниот идентитет на Валентајн не се знае, но се смета дека во прашање е бискуп кој бил погубен на 14 февруари 270 -та година од страна на римскиот император Клаудио Готика. Денот на неговата смрт, католиците го празнуваат како денот на вљубените.
Кој празник и да го прославувате, веројатно тоа ќе биде прослава со многу љубов и многу вино.
Фото: wikipediа
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Според православните обичаи денес е Свети Трифун маченик. Според преданијата големиот грешник Трифун, бил ладнокрвен у

Пронајдете не на следниве мрежи: