Девојки, ви препорачуваме да седнете при читањето на овој текст.Кога помислуваме на стареењето, ни доаѓа на памет сива коса, криви нозе и други деформирани делови на телото. Сепак, никој не ги замислува гениталиите во оваа страшна ментална слика, па ве потсетуваме дека и таа старее како и остатокот од телото.
За ова беше прашан гинеколог, кој објаснува дека може да се очекува губење на обликот и промена на бојата на внатрешните и надворешните усни на вагината, на отворот и на клиторисот. Наводно, тие слабеат, иако насекаде по телото се дебелееме со староста.
Вагината ја губи еластичноста со годините исто како и кожата, а за тоа се виновни хормоните. Усните на влезот се одржуваат здрави со помош на естрогенот, што доаѓа низ крвта од јајниците.
Кожата во вагината е розова и влажна како и кожата во нашаа уста. По менопаузата, кога лачењето на естрогенот се намалува, бојата станува побледа заради намалениот доток на крв, а станува и помалку растеглива. Иако жените се дизајнирани да бидат „растегливи“ за да имаат секс и да раѓаат, оваа растегливост се намалува со намалувањето на хормоните. Затоа, постарите жени се поподложни на бактериски и габични инфекции. Влагата што вагината ја создава е помалку кисела, и со тоа е нарушен целиот екосистем составен од милиони корисни бактерии што живеат во вагината.
Исто така, сопственичката на вагината е и поподложна на добивање уринарни инфекции, бидејќи намалувањето на естрогенот влијае и на мочниот меур. Заради намалениот доток на крв, природната влага што доаѓа од ѕидот на вагината е намален. Но, не очајувајте: докторите предлагаат хормонска терапија што помага да се вратат нивоата на изгубениот естроген и е од огромна помош во ваква ситуација.Кога помислуваме на стареењето, ни доаѓа на памет сива коса, криви нозе и други деформирани делови на телото. Сепак, никој не ги замислува генитали