Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и свети. Денешната тема за која ќе разговараме е начинот како вашата коса собрана во репче да изгледа елегантно.Многумина сметаат дека репчето е брзо решение за фризура. Се согласувам. Меѓутоа колку и да изгледа репчето едноставна, практична и скромна фризура, може да изгледа и многу гламурозно и елегантно.
За да носите репче вашата коса треба да биде во одредена должина и минимално мора да достига до рамената. Репчето ви помага да го истакнете обликот на вашата глава, како и разните црти на вашето лице. За репчето да изгледа убаво, вашата коса мора да биде негувана. Краевите на косата мора да бидат убаво обликувани. Основното правило за негувана коса е тоа дека краевите мора редовно да бидат потскратувани, за косата секогаш да има убав и свеж изглед.
Некои од најубавите, најелегантни и најинтересни примери со врзана коса во репче се:
– Уредно натапирана коса собрана во репче кај тилот на главата изгледа феноменално. Со оваа фризура одлично одговара фустанче со отворен грб и аксесоар во вид на долги обетки.
– Залижана коса собрана во репче на средна висина. Земете еден подебел прамен од косата која е врзана во репче и обвијте го околу ластичето со кое сте ја врзале косата. Ваквата фризура изгледа фантастично.
– Коса собрана во репче на средна висина, доколку е сплетена во модерна плетенка може да изгледа прекрасно.
– Интересни се оние фризури каде косата е собрана во ниско репче од страна на главата, кај увото.
При врзувањето на косата во репче имајте на ум дека аксесоарите го дополнуваат вашиот изглед. Елегантните шноли, обетки и фустани со интересен крој, ќе го направат вашиот целокупен изглед отмен, елегантен и софистициран.
Ги спомнав фустаните со отворен грб, па поради тоа повторно морам да го нагласам значењето на вашата нега. За да можете да си дозволите да носите фустан со отворен грб , вашиот грб најпрво мора да биде цврст и извежбан. Притоа кожата на вашиот грб мора да биде негувана за да биде мека нежна и сензуална. Водете сметка за целокупната нега на вашето тело, како за кожата така и за косата. Многумина сметаат дека репчето е брзо решение за фризура. Се согласувам. Меѓутоа колку и да изгледа репчето едноставна, практична и скромна фризура