Како влијаат мислите и потсвеста на вашиот живот?

Дали некогаш сте се запрашале зошто ова ми се случува баш мене? Зошто мораше бар ова мене да ме снајде? Ви се случило нешто лошо… но… тоа не застана тука, продолжуваат лошите работи. Веднаш започнува да ве зафаќа негативно расположение, не сакате да зборувате со никого, депресивни сте, едноставно се започнува да ви смета. Напнатоста ја пренесувате на работното место или пак на блиските членови на семејството или пак уште полошо му се истурате на партнерот.
Дали сте се запрашале во што е проблемот? Повеќето луѓе сметаат дека едноставно се несреќни дека немаат среќа и често знаат да кажат „судбина“.
Но никако немојте никого да гледате како виновник за вашата лоша моментално состојба или уште полошо за лошиот период во кој живеете. Никој па дури ни судбината не е виновна за вашите проблеми и лоши моменти и настани.
Па ние ќе ве запрашаме какви се вашите мисли? Дали сте знаеле дека дневно според најновите истражувања луѓето имаат околу 60.000 мисли, од кој само дел се свесни, за сите останати ние всушност не сме ни свесни дека ги размислуваме. Од друга страна пак постои поврзаност помеѓу свесните и несвесните. Што тоа значи? Тоа покажува дека ако вашите свесни мисли се негативни тогаш и вашите потсвесни мисли исто така се негативни.
Најголемата причина за вашите проблеми сте вие односно мислите кои ги негувате. Па да резимираме какви се вашите мисли таков е и вашиот живот. Најпрво се започнува од мислите, па продолжува со промени на раположението секако негативни и најчесто депресија, па потоа доаѓа проблемот. Тој проблем сами сте го предизвикале и посакале во вашите мисли.
Ви се случило  во краток временски период  да било потребно да стигнете на некое место, па постојано да размислувате не сакам да закаснам, не сакам да закаснам… со тоа вие всушност посакувате да закасните. Зошто едноставно не се обидете со позитивна мисла како “ќе стигнам на време верувам“. Едноставно помалку употребувајте „не“ или слични негации во вашите мисли. Обидете се да негувате само и само позитивни мисли.
Но, не е потребно само да ги промените мислите, потребно е и да верувате дека ќе го добиете она што го посакувате и  го размислувате.
Обидете се и навистина ќе забележите позитивни промени во вашиот живот. Верувајте дека се што ќе посакате во своите мисли може да го добите, само внимавајте вашите мисли да бидат позитивни па така и вашиот живот ќе биде позитивен.
 
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дали некогаш сте се запрашале зошто ова ми се случува баш мене? Зошто мораше бар ова мене да ме снајде? Ви се случило

Пронајдете не на следниве мрежи: