Најпопуларната социјална мрежа неодамна го наполни својот десетти роденден. Кој би рекол дека помина толку време… а што се случи за тоа време?… го промени англискиот јазик
Зборовите како poke, status, profile и share редефинирани се во Оксфордскиот речник со своето ново, онлајн значење.
… ги трансформира врските
Еден на пет парови до првиот бакнеж стигнува преку Фејсбук. Дури 38 отсто корисници го апдејтираат својот љубовен статус на ѕидот, нормално кога врската ќе стане официјална, а 36 отсто се логираат кога ќе завршат со секс. Романтичното шепотење на перницата се почесто се изостава?
… влијае врз раскинувањето
25 отсто од корисниците раскинале преку овој сајт, а којзнае колку раскинале поради него?
… навлезе во политиката
Барак Обама во 2008 година за прв пат го користеше Фејсбук за политичка кампања. Фотографијата која до сега има добиено најмногу лајкови (дури 4,4 милиони) е фотографијата на Барак и Мишел по неговата победа.
… одговорен е за психолошките пореметувања
Повеќе од 350 милиони луѓе патат од FAD – Facebook addiction disorder (навлеченост на Фејсбук). Не се знае точниот број на корисници кои поради Фејсбук се здобиле со FOMO – Fear of missing out (страв дека нешто ќе пропуштат) и JOMO – Joy of missing out (уживање во останувањето дома)
… го зголеми бројот на злосторства и ги апдејтираше законите
Се зголемил бројот на кражби додека корисниците на Фејсбук објавувале дека се на одмор. Во некои закони се воведоа ставки кои се однесуваат на злоупотребата на социјалните мрежи.
… лансираше нови бизниси
Околу 20 милиони мали претпријатија имаат свои Фејсбук страни, а повеќето корисници сакаат да ги посетуваат работните Фејсбук страна, отколку самите сајтови.
… влијае врз пријателствата
Просечен Фејсбук корисник има околу 300 пријатели, од кои барем 34 отсто ги игнорира во реалниот живот. Многу од Фејсбук пријателите се луѓе кои воопшто не ти се драги. Запрашајте се само колку пати на некој нов познаник сте му рекле „Најди ме на Фејсбук“ наместо да му побарате телефонски број.
… ги замени фото-албумите и споменарите
Некогаш се трчале по пријатели за да му ги покажете фотографиите од летувањето, а сега тие се достапни за сите, како и секој сегмент од вашиот живот. Фејсбук пријателите сигурно знаат повеќе за вашиот живот и политичката определба, отколку вашите родители.
… шерување на информации
На овој начин стигнувате побрзо и полесно до информациите во која било сфера. Наместо да истражувате на интернет, веста вас ќе ве пронајде. … го промени англискиот јазик
Зборовите како poke, status, profile и share редефинирани се во Оксфордскиот речник со сво