ЛГБТ заедницата преку Хелсиншкиот комитет за кој веќе од поодамна е познато дека неговата централа поради финансиска измама престана да постои, поднесе тужба поради говор на омраза наводно предизвикан од новинарите Миленко Неделковски и Јанко Илковски.Се чини дека одамна Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) работи доколку биде уклучено партиското дугме од централата, па се чини е ирелевантно дали ЗНМ и Насер Селмани ќе реагираат на ваквите напади, нешто што би било природно во ситуација кога се обвинети новинари, во најмала рака што пресумпцијата на невиност подеднакво важи за сите, па и за овие двајца новинари. Но, тоа е споредно.
Она што е суштински е зошто овие новинари се обвинети и толку лесно декларирани како поттикнувачи на говор на омраза. Беше посочено дека тие биле против ЛГБТ заедницата, по што се поставува прашањето какво злосторство е тоа? Тие веројатно го споделуваат истото мислење како и 90 проценти од популацијата во Македонија, дека истополовите врски и односи не се природни и тие во својата суштина ја разјадуваат заедницата особено семејството како основна клетка во општеството.
Ксенофобијата и раздразливоста на припадниците на ЛГБТ заедницата не им дава за право да ја ускратат слободата на слободно мислење која е и уставно загарантирана. Всушност, новинарите Миленко Неделковски и Јанко Илковски се жртвата на ксенофобијата на хомосексуалците и лезбејките, што е порака дека секој што ке им противречи го напаѓаат со флоскули и за говор на омраза, а всушност тие се полни со омраза и тие се првите кои жигосуваат. Ова всушност значи дека една помала група хомосексуалци, лезбејки и нивни поддржувачи во Македонија поддржана и политички мотивирана тероризира мнозинство.
Личностите како директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски и останатите безимени ксенофоби кои во јавноста остануваат безимени се личности со искривени вредности и го киднапираат општеството со свои фрустрации, пред се лични кои претендираат да станат колективни. Личностите со искривени вредности како хомосексуалците и лезбејките не се примерот кој треба да биде следен, особено што нивната битка е директно на штета на интересите на опстојувањето на било кој народ.
Зад ова има и политичка заднина. ЛГБТ заедницата во голема мера е финансирана од СОРОС фондацијата, а Јанко Илковски и Миленко Неделковски веројатно не се и единствените, а секако и не најгласните во своите анти ЛГБТ ставови. Но, тие секако се намерно одбрани да бидат јавно жигосувани и особено оцрнувани за говор на омраза.
Причината за тоа лежи и во фактот што тие отворено се конфронтираат на многу теми и со опозицијата, па ЛГБТ заедницата е додатен механизам за тие да бидат оцрнети. Илковски и Неделковски во своите речници и настапи не кажаа ништо повеќе против ЛГБТ заедницата од тоа што го говори и мисли секој просечен граѓанин, чии ставови веројатно се и порадикални.
Истражувањата покажуваат дека како најголеми загрозувачи на моралот и семејните вредности се перципирани лица кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата. Семејството е основна клетка на секое општество, клучен фактор за развој на индивидуата, а со тоа и на целокупното општество. Социолозите сметаат дека семејството е суштинско и за развојот на личноста на детето, при што се всадуваат навики, норми и вредности, кои се општествено посакувани и правилни и со помош на кои детето во подоцнежниот свој живот ќе ги насочува своите активности и ќе ги реализира своите аспирации и кои секако ќе станат дел од неговиот морален и вредносен дискурс.Се чини дека одамна Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) работи доколку биде уклучено партиското дугме од централата, па се чини е ирелевант