Изборите на 11 декември не се избори кои како и секои други ќе завршат со победничка и поразена партија. Овие избори се особено важни, зашто се мерило за патриотскиот полнеж на македонскиот народ, за неговата решеност да му се спротивстави на планот за распарчување на Македонија, кој е до детали разработен во предавничкото дувло на „Бихаќка“, пишува Република.Пред нашите очи се одигрува историско велепредавство на Македонија. Државата создавана со векови СДСМ ја продава на панаѓур, во чајџилници, на сокаци, во штабови и на прази плоштади. Висока е цената, но на личните интереси за кои раководството на најголемата опозициска партија широкоградо им ветува на Албанците воведување на албанскиот јазик во безбедносните и финасиските структури на државата, предавање на виталните државни функции.
Тоа значи да се воведе двојазичност на целата територија на државата, а на албанските партии при „поделба на колачот на власта“ им се нудат институции и функции. Од една страна ветени се функции како претседател на Собранието, премиер или претседател на државата. Преку институциите, пак, ќе бидат доделени безбедносните ресори МВР, потоа ДБК, БЈБ, како и финансиските столбови УЈП, царината. Потоа би требало како подмачкано да се одвива и административно поврзување на федералните единици сѐ до формализирање на федерализацијата на државата.
Пеколниот план на СДСМ и Сорос значи затворање на „македонското прашање“
Федерализацијата е отворената карта на Заев, зад која стојат и туторите и финансиери на сите активности од блокот на Сорос, па на крај и дел од меѓународната заедница на кој, благо речено, таквиот проект би им го затворил „македонското прашање“ еднаш засекогаш.
Не треба да се бара длабоко во историјата за да се види дека ваквите „проекти“ како пробен балон се пуштаа одвреме-навреме. Најголемиот пример беше во март 2009 година, кога германската амбасадорка Урлике Марија Шулц пред студентите од Педагошкиот факултет се излета со платформата дека Македонија во ЕУ ќе влезе како „Северна“, а Македонците ќе го учат албанскиот јазик уште од градинките.
-Во 2020 година ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име – Северна Македонија. Владата ќе биде составена од партија со име Нова македонска партија, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик, кој ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 година ако се работи на политички план, изјави Кноц.
Откако амбасадорката доби остра вербална нота во МНР да не излетува од рамките на амбасадорските норми, таа објаснуваше дека се работи за „симулација“ во која учествувале ученици од Албанија, Косово и од Македонија, со нагласување „млади од албанскиот дел на Македонија и од македонскиот дел на Македонија…“.
Од симулација до реализација
Денес, седум години потоа, таа „симулациска игра“ е реалност и е почната да се спроведува.
Сите овие наведени однесувања на Сорос/СДСМ не се ниту случајни ниту, пак, се случајно наброени тука. Според ветувањето на Заев, идната федерализација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.
Тука лежи и одговорот за однесувањето на ДУИ и на ДПА на изборите. Ако за двете партии тешко може да се каже дека дејствуваат автономно во целата политичка борба, судејќи и според изјавите дека ќе ја следат меѓународната заедница, сега тие гледаат можност за исполнување на барањата што во нормални околности би биле неприфатливи за македонските политичари. Не смее да се изостави и појавата на Беса и на различните радикални групации со поддршка од Косово со кои Заев отворено преговара.
Сета оваа двегодишна акција на сите што се насочија кон уривање на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и дејствувањето на СЈО, е со цел намалување на влијанието на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиното раководство. Јасна е и причината- полесно ќе се дојде до остварување на симулацијата на Урлике Марија Шулц со некој што веќе најавил „виткање на кичмата“.Пред нашите очи се одигрува историско велепредавство на Македонија. Државата создавана со векови СДСМ ја продава на панаѓур, во чајџилници, на сока
Пронајдете не на следниве мрежи: