Бриџ Фуси и Бритни Хасбин пред две децении присуствувале на една венчавка во Минесота, таа била девојче кое го носела цвеќето, а тој внимателно ги носел бурмите до олтарот. Оделе во исто средно училиште, ист факултет, а по 19 години повторно присуствувале на друга венчавка, заедно но овој пат со поинакви улоги.„Имавме три години, тоа беше венчавката на мојата кума, нејзината мајка работеше со нејзе, се бараше девојче за да го носи цвеќето“, рекол Бриџ.
Минатиот викенд тие двајца се венале. По венчавката на која како деца имале важна задача прв пат се сретнале во 2007 година во средно училиште. Бриџ рекол дека Британи ја привлекло неговото необично име. Во средно училиште биле во исто одделение.
Фотографијата од венчавката дополнително ги зближила
„Бевме на час, кога таа ја покажа фотографијата од венчвката. Почнав да се смеам, бидејќи имам иста таква дома, но не знаев дека таа е на фотографијата“, рекло момчето.
Во тоа време и двајцата биле зафатени, а познанството го продолжиле и на факултет, се запишале на истиот Универзитет. Набрзо почнале да се забавуваат, а пред неколку дена својата врска ја крунисале пред 310 пријатели и членови на семејството.
Со својата приказна привлекле големо внимание, не очекувале ваква популарност, но таа пријатно ги изненадила.„Имавме три години, тоа беше венчавката на мојата кума, нејзината мајка работеше со нејзе, се бараше девојче за да го носи цвеќето&ldqu



