Каков љубовник е: Бакнежот, допирот и предиграта го откриваат!

Премногу влажен бакнеж, премногу нападен допир, како и отсуство на било каква предигра се само некои од знаците кои ви покажуваат дека вашиот нов партнер е неискусен, срамежлив или пак себичен кога е во прашање сексуалната желба. Бакнеж
Францускиот бакнеж е вистинска игра на заведувањето и многу лесно може да го открие добриот љубовник. Грешки во бакнувањето на почетокот на врската се дозволени, но судир на забите во текот на бакнувањето никако.
Бакнеж од овој тип открива дека партнерот не е за вас, не знае што да прави со вас, а камо ли да ве задоволи.
Премногу влажен бакнеж со некоординирано помрднување на јазикот е знак дека вашиот партнер има многу малку искуство.

Допир
Допирите се, посебно во фазата на запознавање, токму како бакнежите – вовед од кој можете да дознаете многу за вашиот потенцијален партнер. Премногу нападни и премногу чести допири никако не се добар знак. Таквиот маж е помалку себичен и посесивен, така своите потреби ќе ги стави пред вашите.
Никаков контакт е исто така лош показател. Тоа може да значи дека е срамежлив, што може да биде симпатично и таинствено, но до одредена граница или пак, поради недостаток на искуство се плаши.
Предигра
Првиот секс е преполн со страст и секогаш е нешто посебно, а предиграта за мажот може да открие многу работи. Ако вашиот партнер тргне кон вас без било каква предигра, како „напален тинејџер“ тоа го опишува како мошне неискусен и површен маж.
Со авантурист кој уште при првиот бакнеж бара необични работи од вас, треба да бидете внимателни. Убаво е кога мажот е отворен, но некои работи не се за првиот однос, барем не без договор. Бакнеж
Францускиот бакнеж е вистинска игра на заведувањето и многу лесно може да го открие добриот љубовник. Грешки во бак

Пронајдете не на следниве мрежи: