Постојат неколку класификации на носовите кои влијаат на вашиот љубовен живот. Научно е докажано дека големината на носот влијае на машкоста. Па момци задолжително прочитајте и пронајдете се во која категорија спаѓате.
Напрчен нос
Станува збор за разумен, практичен и сталожен маж. Многу е духовит и секогаш сака да е во центарот на вниманието. Ако му ги откриете барањата тој ќе направи се за да ве задоволи. Не сака авантури и ужива во долгите врски. Мажите со ваков вид на нос имаат нагласена машкост.
Голем нос
Тие се енергични, стабилни и упорни. Во љубовни врски влегуваат исклучиво само за сексуални потреби. За нив долгите врски се глупост. Овие мажи се многу сексуално активни, па нивното искуство како и нагласената машкост им се од корист во кревет.
Остар нос
Станува збор за несигурен маж кој не е во состојба да ги реши своите проблеми. Нетрпелив е и сака да се расправа. Не се впушта лесно во љубовни врски. Премногу се срамежливи, затоа девојки не очекувајте премногу во кревет од овие мажи.
Правилен нос
Брзо се вљубуваат и сакаат долги врски. Верни се но истовремено и многу љубоморни. Девојки овие мажи позитивно ќе ве изненадат во кревет со нивната нагласена машкост.Постојат неколку класификации на носовите кои влијаат на вашиот љубовен живот. Научно е докажано дека големината на ноНосот открива многу за вас!