Каков партнер ви одговара според тоа кое дете по раѓање сте во семејството!

Редоследот на раѓање влијае во изборот на партнер, па така првородените најдобро се сложуваат со најмалите деца, а оние средните со првородените.Редоследот на раѓање ја одредува врската
Редоследот на раѓање влијае на личноста, на кариерата, но и на партнерот. Тој одредува колку добро ќе се сложувате со партнерот и колку разбирање имате за другите. Првородените деца „не одат заедно“, средните деца заедно прават совршен пар, а најмладите одлично се надополнуваат со првородените и единците, тврди американскиот психолог и автор на книгата „Редослед на раѓање“, Др Кевин Леман.
Првородените сакаат да шефуваат
Првородените се посигурни и совесни, а се карактеризираат и со силно чувство на морал. Тие се навикнати во животот сами да се изборат, и да се борат со останатите, па истото го прават и во романтичната врска. Доминантни се, во се бараат пропуст, секогаш се во право и сакаат да бидат шефови. Поради тоа тешко се сложуваат со истите како нив, односно со првородените. За нив најдобри партнери се најмладите во семејството бидејќи во нивната врска внесуваат доза на релаксираност.
Оние во средина се во потрага за пријател
Средните деца се лојални и одлично управуваат во романтичните врски затоа што никогаш не биле сами. Пријателството им е доста важно, бидејќи таму наоѓаат место кое не го нашле во семејството, па од партнерот тоа и го очекуваат. Често се „запоставени“ и ретко се прашувани за мислење, па во врска најмногу им одговара партнер-првородено дете. Меѓутоа треба да научат дека нивното мислење е важно и како да го искажат.

Најмладите се навикнати да добиваат што ќе посакаат
Најмладите деца се разиграни, опуштени, социјални и често се разгалени, па поради тоа се навикнати да добиваат се што ќе посакаат. Често треба да ги потсетувате дека во односот во партнерството подеднакво треба да вложуваат и да се трудат да опстане. Најдобро се сложуваат со првородените и единците, бидејќи во нивната врска внесуваат одговорност, и го смируваат нивниот разигран дух.
Близнаците се тешки за заведување
Близнаците се навикнати да го живеат животот во едно како и средните деца, одлично управуваат во романтичните врски, но тешко ќе ги заведете. Исклучително се внимателни и одлично се надополнуваат со други близнаци, кои совршено ја разбираат нивната поврзаност. Доколку имаат постари браќа или сестри, најчесто идеален партнер бараат кој е сличен на нив.
Единствените деца не се сложуваат со единци
Единците се навикнати секогаш да се во центарот на внимание па истото го бараат и од партнерот. Знаат да бидат егоцентрични, но исто како и првите деца се одговорни и поради тоа најмногу се сложуваат со средните деца, но и со најмалите деца за кои можат да се грижат. Нивното его не може да поднесе единец, па за нив тоа е најлоша комбинација.Редоследот на раѓање ја одредува врската
Редоследот на раѓање влијае на личноста, на карие

Пронајдете не на следниве мрежи: