Каков почеток, таков и крај на кампањата на СДСМ- Фокус на интересите на Албанците

По селфито во Диво Насеље, лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва имаше селфи и во Арачиново на митингот на СДСМ во скопското село пред стапување на изборниот молк.Зоран Заев на собраните им вети дека Албанците со него за прв пат ќе добиеле свој премиер. Според него, Арачиново досега само плаќало сметки, а не добивало ништо повратно од централната власт.
На митингот можеа да се забележат низа албански знамиња и на истиот свое обраќање на албански јазик имаше Мухамед Зекири, во кое на присутните им порача дека само СДСМ, а не Али Ахмети и ДУИ може да бидат гарант за исполнување на нивните барања.
Сегашната власт според Заев апсела невини Албанци и Албанки. Тој вети дека ако го поддржат Албанците од Арачиново, ќе ја врател правдата и ќе ги ослободел невините.

Кампањата на СДСМ заврши исто како и што започна, фокусот на најголемата македонска опозициска партија беше ставен на интересите на Албанците. Со ветувањата за двојазичност на целата територија и кантонизација на Македонија, што според сите експерти ќе значи рекомпнирање на државата и можност за нејзина поделба, Заев атакува на албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за во недела.
Ниту Зоран Заев, ниту пак било кој друг на вечерашниот митинг ги спомена протераните Македонци од Арачиново и голготата која тие ја поминаа. На 8-ми јуни 2001 година од селото Арачиново насилно беа протерани околу 700 Македонци. Во текот на конфликтот во 2001 година тие беа протерани од домовите, стравот и оружјето ги избркаа од огништата што ги создавале нивните татковци.Зоран Заев на собраните им вети дека Албанците со него за прв пат ќе добиеле свој премиер. Според него, Арачиново досега само плаќало сметки, а не

Пронајдете не на следниве мрежи: