Каков пријател е секој хороскопски знак

Овен- своите пријатели ги носи во срце
Овенот  е верен пријател. Иако не е со сите свои пријатели во контакт, неколку пати во годината ќе им се јави или ќе комуницира со нив преку социјалните мрежи. Неговата зафатеност е најчесто причина за тоа и тој едноставно не стигнува на сите страни поради својот преполн распоред. Со него никогаш не е досадно, а своите запоставени пријатели секогаш знае да ги развесели
Бик -стабилен и доврелив пријател
Бикот целото свое слободно време ќе им го посвети на пријателите. Сака да им помага на сите, посебно ако се во неволја. Сепак, често мисли дека пријателствата се едноставни и дека нема потреба да вложува во нив, па често е разочаран. Неговата најјака точка е стабилноста.
Близнаци- не сакаат досадни пријатели
Близнаците се прекрасни пријатели. Околу нив секогаш има многу луѓе, со кои сакаат добро да се забавуваат да патуваат и да се забавуваат. Тие им носат радост на сите личности со кои се дружат, се обидуваат да ги развеселат и расположат сите. Меѓутоа тие сакаат само такви пријатели покрај себе. Досадни и нервозни луѓе кои им ја расипуваат забавата не ги интересираат.
Рак- не сака било какви пријатели
Ракот е одличен и верен пријател кој своите пријатели не сака да ги дели со други. Тој сака да знае дека ви е најдобар пријател, а не само пријател. Ракот своите тајни ги чува за себе и ретко кога ги дели со пријателите. За да допрете до него потребно е да вложите многу труд, но тој секогаш со задоволство ќе ги слуша вашите проблеми и ќе ви даде совет.
Лав- еден од најдобрите пријатели
Лавот е забавен и секогаш расположен пријател. Сака дружење и собири со пријатели меѓу кои секогаш е главен забавувач. Со блиските пријатели ќе биде во се, смета дека тие се највредното нешто што го има. Кога неговите пријатели ќе бидат во неволја тој секогаш ќе им помага.
Девица-прва е кога треба да помогне
Девицата секогаш ги изразува своите чувства кон другите, но и таа е тука за нив. На секого ќе му помогне, а ретко кога таа ќе побара помош од пријатлите. Вистината најмногу ја цени и нема никогаш да дозволи пријателите да ја лажат.
Вага- има најмногу пријатели
Вагата во својот живот ќе има многу пријатели и ќе ужива во нивно друштво. Многу од нејзините пријателства се интензивни и преполни со емоции. Се врзуваат за секој пријател, со задоволство помагаат и даваат добри совети. Сепак, Вагата треба да се држи подалеку од издавање на тајните, тоа е и причина зошто губи пријатели.
Шкорпија- внимателно избира пријатели
Овој знак тешко наоѓа вистински пријатели и секогаш внимателно бира луѓе со кои ги дели тајните. Своите пријателства ги гради врз основа на доверба.  Шкорпијата на секое пријателсвто во потполност ќе му се посвети, многу време ќе поминува со пријателите и никогаш нема да ги запостави или заборави.
Стрелец- сака да дели совети
Стрелецот е забавен и посветен пријател. Го ценат секој пријател и се трудат да го расположат кога е тоа потребно. Со своите совети им помагаат на сите, но за возврат ќе очекуваат да го сослушате кога ќе има проблеми. Стрелецот е оптимистички знак и никогаш не сака песимисти за пријатели.
Јарец- пријателството е свето
Тој е доверлив и посветен пријател. За него пријателството е свето и секогаш им помага на своите пријатели, иако тоа не го ни побарале. Повеќе сака да дава отколку да прима и од своите пријатели никогаш нема да побара помош. Секогаш е коректен и праведен што неговите пријатели многу го ценат.
Водолија- често ги идеализира своите пријатели
Водолијата често ги идеализира пријателите и не ги забележува нивните маани, затоа и често се разочарува. Во повеќето случаи таа им се јавува и  ги повикува на забави, бидејќи вообичаено таа е центар на друштвото. Водолиите се многу добри пријатели кои им помагаат на сите. Само треба да внимаваат кого имаат за пријател.
Риби- се грижат за своите пријатели
Рибите го ценат пријателството и се верни пријатели. Се грижат многу за своите пријатели и првенствено сакаат да се чувствуваат сигурно и ценети во нивна близина. Добро слушаат и со задоволство се занимааваат со проблемите на нивните пријатели.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Овен- своите пријатели ги носи во срце
Овенот  е верен приј

Пронајдете не на следниве мрежи: