Каков ви е домот, таков ви е карактерот

Дали некогаш сте размислувале за тоа дека начинот на уредување на сопствениот дом многу зборува за вашиот карактер? Изборот на бои, стилот и одредени елементи во просторот ги откриваат склоностите и особините за кои можеби и не сте свесни.Постојат уште просторни параметри кои можат да го откријат вашиот карактер, но и овие се сосема доволно да научите нешто за себе и личностите кои ви се блиски.
Избор на бои
Црвената боја е најсилна и ја избираат лицата со цврст карактер, желни за возбуди и акција, како и топлите и срдечни лица.
Зелената ја избираат смирените лица и оние кои тежнеат кон помалку активности и опуштање.
Розовата се поврзува со лицата кои се среќни, срдечни и доверливи.
Сината боја ја сааат мирните и тивки личности и оние на кои домот им е оаза на мир.
Жолтата боја отсликува отворена, позитивна и оптимистична личност.
Кафените тонови ги бираат поединци кои сакаат комоција и задоволство.
Виолетовата открива личност која тежнее кон отменост, висока положба и луксуз.

Портокаловата боја ја избираат оние кои ја сакаат активноста, топлината и позитивните вибрации
Црната е одлика на храбрите, софистицирани и елегантни личности.
Белата се поврзува со верните и посветени личности.
Избор на стил
Амбиенталниот стил во вашиот дом открива дека сте опуштена личност која не се интересира за туѓите животи. На овие личности желбата не им е да се истакнат туку да уживаат во сопствениот свет со семејството и пријателите.
Рустикалниот стил открива вљубеници во природата и романтични души кои расположението од секојдневниот живот го внесуваат и во домот.
Ретро стилот го сакаат оние личностите кои имаат поголема доза на елеганција во себе, па со раскошот на минатото сакаат да ја истакнат својата позиција во општеството.
Минимализам е типичен избор на практичните и деловни луѓе кои сакаат ред и прегледност. Овој стил е карактеристичен за типичните претставници на брзиот и современ начин на живот.
Едноличните тонови и материјали укажуваат на личност која не сака да е во центар на вниманието, туку е насочена кон себе.
Разновидноста на бои и материјали ги карактеризира активните и љубопитни личности кои тешко може да се смират.
 
Во големи отворени и поврзани простории со многу светлина уживаат оние кои се отворени за запознавање на нови луѓе, дружење и прифаќање на ризици и искрени.
Оние пак кои сакаат мали простории, малку светлина, затворени врати и одвоени функционални делови во станот носат во себе несигурност и страв, повлеченост и нагласена индивидуалност.
Амбиенталното светло го сакаат креативните личности за разлика од оние со порационални ставови кои најчесто користат централно осветлување.Постојат уште просторни параметри кои можат да го откријат вашиот карактер, но и овие се сосема доволно да научите нешто за себе и личностите кои в

Пронајдете не на следниве мрежи: