Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање… На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Како што вчера информираше претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника, починатите се од машки пол и на возраст од 50 и 23 години кои дошле со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање…
Инаку, од седумте лица кои биле примени, освен двете лица кои починале, сите други се денеска во стабилна состојба. Телата на починатите се испратени на обдукција и се чекаат одговори.
Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е во САД, изјави дека анализи за причините за смртта се прават во Тирана, Приштина и во Скопје, а неофицијално докторите на Инфективната клиника се сомневаат на хеморагична треска, која ја пренесуваат глодачи.Како што вчера информираше претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на