Мариово крие доста легенди кои сеуште чекаат да бидат откриени. Така постојат неколку легенди за потеклото на неговото име.
Според едната легенда е дека името Мариово е добиено по некоја убавица Марија. Оваа убавица прифатила да биде дел од турскиот харем, но под услов да не се врши потурчување на населението во тој крај. Турскиот бег и дал ветување на оваа убавица и населението во овој крајс е сласило од натамошнто потурчување и градење на џамии.
Во чест на убавата Марија, оваа област го добила името Мариово.
Другата легенда вели дека името Мариово доаѓа од верувањето дека пред многу векови таму постоело море за што сведоци се многубројните карпи во облик на школки.
Мариовскиот крај плени со својата едноставност, но преубава природа. Мариово е област која крие безброј тајни, легенди, културна оставнина. Исто така, Мариово е родното место на една од најголемите македонски народни хероини – Калеш Анѓа. Во Мариово може да се најде и најубавата македонска народна носија, најубавите македонски народни песни, митови и преданија. Интересно е тоа што невестинската мариовска носија тежи дури и 48 килограми.
Кога се зборува за природната реткост, постои една друга легенда, за која се вели дека е најинтересна и највпечатлива, а ја нема во записите за македонското културно богатство. Тоа е “Легендата за тревата што бега”.
Оваа легенда е за волшебен напиток кој во приказните давал сила на јунаците и им помагал да успеваат во своите лични цели. Растението според Мариовци го добило името по карактеристиката да може да го скинат само одбрани луѓе. Од тревата што бега, која за неупатените изгледа сосема обично, се правеле амајлии кои ги заштитувале луѓето од зло. Нив ги носеле војниците, низ сите војни кои го зафатиле Мариово, а многу од нив ја избегнале смртта благодарејќи на волшбеното растение.
Според народното мислење, мариовците се досетливи луѓе, силни и инаетливи борци против неправдата. За овој факт потврдуваат безбројните приказни низ историјата. Во легендата за Калеш Анѓа, овековечена во истоимениот роман на Стале Попов, куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина.
Според преданието, преубавата Анѓа, несакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег во Прилеп. Жителите на мариовските села биле разгневени од овој настан па решиле да ја земат правдата во свои раце. Отишле и успеале да ја вратат Калеш Анѓа дома. Потоа се сокриле во тврдината Пешта која и денес се заѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, се додека една баба не ги предала на Турците. Според оваа легенда, Анѓа завршила во Истанбул. Таму таа го сретнала својот брат близнак Анѓеле, го препознала по белегот на ногата и тој ја вратил назад во селото. Денес куќата во која живеела Калеш Анѓа се уште постои и е дел од зафатот на домашните и на странските залагачи за репарирање на културните споменици на Мариово.
Во Мариово има и прекрасни цркви и манастири. Само во Градешница има девет, а за најстара се смета црквата Св Димитрија која потекнува од 14 век. Во Старавина постои и црква со необично име – Магарешка црква. Неа ја граделе Бугари, но бидејќи населението не ги поддржувало во градењето, црквата останала недовршена и постанала засолниште за селските магариња по што и го добила името магарешка црква.
Покрај овие легенди за Мариово кои се раскажани од старото население и пренесувани од колено на колено, пoстојат уште многу други кои чекаат да бидат прераскажани и откриени. Мариово крие доста легенди кои сеуште чекаат да бидат откриени. Така постојат неколку легенди за потеклото на неговото