Проституцијата во Скопје е нешто што навистина постои, но многумина едноставно не сакаат да зборуваат за тоа. Некои јавно си кажуваат дека се дел проституцијата било на директен или индиректен начин, а некои сакаат да останат во сенка кога е во прашање оваа тема.
Каква е проституцијата во Скопје за странците, а и за нашите?
За странците, нашиот главен град е Мека и Медина кога станува збор за девојки за забава. Штом дојдат странци, бараат да им се обезбеди убавица со која ќе си поминат убаво. Но не само дојденците, туку и момците од земјава кои можат да си го дозволат ова „слатко задоволство“. Мета се мажи што се добро ситуирани, возат добар автомобил, носат скапа брендирана облека…
За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена. Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава. По дефиниција овие дами се многу поскапи отколку оние на улица.
Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап,односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.- Кога ќе видите некоја од нив во град, дотерана од глава до петици, тешко дека ќе ви текне какво хоби има – велат извори кои инсистираа на анонимност, а знаат како функционира „бизнисот“.
Еве еден од примерите што ни го раскажаа.
– Луѓето беа од странство, бизнисмени од Турција, така барем можев да ги слушнам по разговорот. Некаде пред затворање на ресторанот и се приклучи и дамата. Уште кога пристигна, веќе ѝ беше јасно до кого треба да седне. Не помина 20 минути откако се смести, сите станаа, а остана таа со еден од бизнисмените. По десет минути си замина и таа со повозразниот човек – ни се довери извор.
Преземено од. ТурлитаваНекои јавно си кажуваат дека се дел проституцијата било на директен или индиректен начин, а некои сакаат да останат во сенка кога е во прашање оваа