Меѓу вашите пријатели веројатно постои барем еден кој редовно, од ден во ден на социјалните мрежи објавува фотографии од теретана, од трчање, фотографии од здравите оброци.Кога прва работа која наутро ќе ја прочитате е „Истрчал 10 километри пред работа“… на некој профил од тие опседнати вежбачи, тоа може да ве мотивира и сами да почнете да вежбате, но и што многу поверојатно, да ви оди на нерви.
Истражувачите од Брунел во Лондон имаа студија која се занимава со проучување на мотивите на луѓето кои на социјалните мрежи го делат секој претрчан километар, секој изгубен грам, секој дигнат тег…
Резултатите не се баш ласкави: Станува збор за лица кои очајно бараат внимание и се зависни од прифаќањето од страна на другите луѓе.
Личностите кои внимателно ги документираат своите физички активности, без разлика дали е планирање, или пак трчање, се прилично нарцисоидни.
Психолозите велат дека нивната примарна цел е на сите да им биде јасно колку време и труг вложуваат во својот изглед.
„Нарцисоидните типови често го делат својот напредок на социјалните мрежи, што е мотивирано од нивната желба за внимание, но и од потреба за одобрување. Но, иако објавите добиваат голем број лајкови, често луѓето таквите објави ги лајкуваат од љубезност, додека им е мачна таа манифестација на егоманијаци“ – се заклучува во студијата.Кога прва работа која наутро ќе ја прочитате е „Истрчал 10 километри пред работа“… на некој профил од тие опседнати вежбачи, тоа може