„Бидете уверени оваа мака нема да дозволам да биде бадијала. Би било навистина жалосно да ја изгубиме оваа позиција која неверојатно добива во квалитет“. Вака се одвивала комуникацијата на првоосомничениот Зоран Верушевски и петоосомничениот Ѓорги Лазаревски, кои во случајот Пуч се товарат за шпионажа.Само за потсетување – тие комуникацијата ја вршеле преку социјалната мрежа Скајп. Верушевски под името Златко Велевски регистриран како Оркестар 11, а Лазаревски како Кока Кола 10А.
Истрагата покажа дека станува збор за обемен материјал директно поврзан со незаконските активности- делата кои им се ставаат на товар.
„Стануваме потребни и да не бидам скромен стануваме нешто што тешко може да се замисли. Знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени, напротив имаме големи перспективи“, вели една од многуте пораки.
Инаку, чадорот кој повеќе пати се споменувал во комуникацијата најверојатно ја претставува странската служба за која работеле.
Се поставува прашањето, ако Зоран Верушевски не откри пред судот кој бил чадорот од Скајп комуникација и не одговори на сите останите прашања, зошто тогаш Јанева го ослободи? Какви луѓе Јанева ослободува?
Исто така преку пораките кои си ги праќале на Скајп била креирана и дестабилизацијата.
-„Ова ќе зоврие, можно е да излезе и од контрола. Навидум овој мир, може да експлодира. Ние сме навикнати друг да страда, а ние сме благонадежни“.
Постојат и сериозни основи за сомнеж дека со ваквата одлука на Јанева, која значи непродолжување на притворот за Верушевски, тој може да изврши повторување на делото за кое се сомничи, или пак да изврши влијание врз сведоците.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со скандалозната одлука да не побара продолжување на притворот на Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот Пуч, само ги потврдува информациите кои кружеа во медиумите дека е партиски послушник на СДСМ.
На 6 февруари, јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа дека Заев и Верушевски имале многу блиски контакти, па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“.Само за потсетување – тие комуникацијата ја вршеле преку социјалната мрежа Скајп. Верушевски под името Златко Велевски регистриран како Оркестар 11